Барате работа за 24 000 денари месечно?

Доколку барате работа погледнете го овој оглас за работни места.

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 57/2013 за вработување на 6 јавни службеници во Јавна установа „Центар за образование на возрасните“ за следните работни места:

АПЛИЦИРАЈ

1. Советник за програми за неформално образование на возрасните (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки, технолошки и факултет по информатика

- Познавање на англиски јазик

- Работа со компјутер

- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 24.049,00 денари

2. Советник за изработување на стандарди, процедури и критериуми (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки факултет

- Познавање на англиски јазик

- Работа со компјутер

- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 24.049,00 денари

3. Помлад соработник за база на податоци и одржување на веб страна (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет по информатика или факултет за образование на наставници

- Познавање на англиски јазик

- Работа со компјутер

- Без работно искуство

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари

4. Помлад соработник за обука на обучувачи и наставници, личен развој и професионална ориентација (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, филозофски и филолошки факултет

- Познавање на англиски јазик

- Работа со компјутер

- Без работно искуство

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари

5. Помлад соработник за евалуирање на програми за неформално образование (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки факултет и факултет по информатика

- Познавање на англиски јазик

- Работа со компјутер

- Без работно искуство

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари

6. Самостоен референт за персонални работи (1)извршител(и);

- Средна стручна спрема (IV)

- Работа со компјутер

- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 15.079,00 денари

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Јавна установа „Центар за образование на возрасните“ заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на јавни службеници, предвидени во членот 15 став (2) од Законот за јавните службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (7) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за јавен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за јавен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 57/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрацијаhttp://jsprijava.aa.mk.

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 61/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Превземено од ekonomski.mk

Дневен Хороскоп

Овен

Тврдоглавото однесување на партнерот многу ве нервира и нема да можете да се посветите на се што сте планирале во текот на денот. Немојте да се изненадите ако вашиот партнер се промени во текот на следните неколку дена.

Бик

Во овој период најважно е да се фокусирате на себе и на вашите деловни партнери и соработници, бидејќи под влијание на Марс ова е многу плоден деловен период. Односите со партнерите се многу нестабилни. Здравјето е одлично.

Близнаци

Во следните неколку дена ќе бидете многу горди на она што сте го направиле во однос на работата и вашата иднина. До крајот на денот грижете се за можни стомачни проблеми на нервна основа поради други.

Рак

Пазете се од ненадејни промени во семејните односи, особено кога се во прашање парите и финансиските ресурси. До крајот на денот внимавајте како и колку време ќе посветувате на себе и на вашите потреби и желби.

Лав

На овој ден најважно е да чувствувате мир и спокојство со себе, особено во однос на се што се случува во кругот на семејството. Односите со партнерот или децата се многу напнати поради вашата желба да доминирате во сите ситуации.

Девица

Почетокот на денот е под влијание на други луѓе кои немаат време да ви се посветат. Бидете фокусирани на промовирање на вашиот бизнис план и не се откажувајте од себе. Главоболка.

Вага

Почетокот на вашата соработка со странство може да биде успешен, но само доколку доволно се посветите на одредени работи. Не дозволувајте другите да се однесуваат кон вас многу неадекватно.

Шкорпија

Ова е многу напорен период за вашата врска со партнерот, затоа потрудете се да бидете што е можно подобро организирани. Деловната ситуација е нестабилна поради вашата потреба да доминирате. Здравјето е стабилно.

Стрелец

Вашето место во овој период е многу важно да се свртите кон се што сте договориле со луѓе од странство. Не дозволувајте другите да ве користат за свои потреби, особено кога се работи за пари или заем.

Јарец

Денес сте во многу добро расположени благодарение на другите луѓе кои напорно работат околу вас. Обидете се да се фокусирате на себе и на вашите планови за иднината, особено во однос на работата и деловните активности до крајот на неделата.

Водолија

Пазете се од двојните пријатели, односно луѓето кои се околу вас и имаат проблем да ви ја кажат вистината до крај, до лице. Научете да кажувате „НЕ“ во важни деловни ситуации во следните десет дена.

Риба

Во следните пет дена поволни вести од личност под знакот на Водолија која е голем деловен поддржувач, но и одличен пријател. Не дозволувајте другите да ве користат за нивните потреби, особено во однос на работата и нивните интереси.

(Фото) Ријана облечена како калуѓерка позираше со разголени гради

Познатата пејачка Ријана позираше за насловната страница на новото издание на магазинот „Interview“ .

Имено, таа беше фотографирана како калуѓерка, а нејзините откриени гради беа во преден план.

Фановите кои ја следат видно се разлутија на фотографиите.

 „Јас сум муслиман, но мислам дека ова е многу понижувачко“, „Што ти е во главата? Господ да ти прости“, се само дел од коментарите кои фановите ги упатија кон пејачката.

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот.

Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.

Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски. 

Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија. ( https://www.youtube.com/watch?v=DHu90AY4GSI )

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.

Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми.

Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.

„Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.

Популарно