Бритни Спирс: Плачам пред да заспијам, ќе ми треба некакво чудо за моите емоции

Бритни Спирс откри дека плаче пред да заспие додека се бори со своите несигурности.

40-годишната ѕвезда сподели потресна објава со своите фанови додека се отвори за начинот на кој луѓето се прикажуваат себеси на социјалните мрежи и се присети на нејзините трауми од минатото.

„Тоа е лудо… социјални мрежи… животот на сите изгледа совршен и кога објавувам работи мислам дека најчесто сум целосно засрамена од моето минато… кој може да ги заборави тие документарни филмови?“ напиша таа.

„Така што, се трудам да објавувам дека изгледам најдобро или како може да изгледа добар живот… вистина е дека моето расположение е подобро, но засекогаш ќе бидам трауматизирана од моето минато искуство…

„Нема начин да го надминам сето тоа, моите емоции и чувствителност…терапија, сето тоа!!! Мислам дека ќе ми треба некакво чудо за моите емоции.“

Бритни потенцира дека нејзиниот живот не е како што изгледа во нејзините објави на социјалните мрежи.

„Мојот живот во никој случај не е совршен… Плачам додека да заспијам повеќето ноќи. Чувствувам несигурност.“

Брз тест кој открива дали вашиот мозок е здрав

Истражувањето било спроведено на повеќе од 1.300 луѓе.

Јапонците смислиле едноставен тест во кој стоењето на една нога 20 секунди може да укаже на когнитивни проблеми, но и на ризик од мозочен удар.

Стоењето на едната нога може да изгледа како детска игра, но може да открие многу за здравјето на една личност, според студијата на Универзитетот во Токио на повеќе од 1.300 луѓе.

Според неа, луѓето кои не можат лесно да одржат рамнотежа додека стојат на едната нога со отворени очи 20 до 30 секунди имаат намалени когнитивни функции.

Ова само по себе не е проблем, но понатамошните истражувања открија дека борбата за одржување рамнотежа, исто така, носи поголем ризик од мозочен удар порано во животот, бидејќи може да резултира од болести на малите крвни садови и повторливи хеморагии или мали крварења во мозокот.

– Стоењето на едната нога е едноставен начин за мерење на рамнотежата и стабилноста на телото, односно нестабилност која може да биде последица на абнормалности на мозокот – изјави водачот на студијата, Јашуру Табара.

Намирници кои успешно го намалуваат високиот крвен притисок

Хипертензијата или високиот крвен притисок е најчестиот ризик фактор за срцеви заболувања кој може да се спречи.

Лековите често се користат за намалување на крвниот притисок, меѓутоа, промените во начинот на живот, вклучително и модификациите на исхраната, можат да помогнат во овој процес и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Здравата исхрана е неопходна за намалување на крвниот притисок и одржување на оптималното ниво, а истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, особено оние со висока содржина на одредени хранливи материи како што се калиум и магнезиум, го намалуваат нивото на крвниот притисок.

Во продолжение ви откриваме кои 8 намирници можат да ви помогнат да го намалите крвниот притисок на природен начин:

Цитруси

Цитрусното овошје, вклучувајќи грејпфрут, портокали и лимони, може да има моќни ефекти врз намалувањето на крвниот притисок. Тие се преполни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето, намалувајќи ги факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е хипертензијата.

Лосос и други масни риби

Масната риба е одличен извор на омега-3 масти кои имаат важни придобивки за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалување на нивото на крвниот притисок со намалување на воспаленијата и нивото на соединенија кои ги стеснуваат крвните садови наречени оксилипини. Истражувањата го поврзуваат зголемениот внес на масна риба богата со омега-3 со намалување на нивото на крвниот притисок.

Семки од тиква

Семките од тиква се хранливо богатство. Тие се концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, вклучувајќи магнезиум, калиум и аргинин.

Бобинки

Бобинките се поврзани со различни импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и нивната способност да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања. Бобинките се богат извор на антиоксиданти, вклучувајќи антоцијанини, пигменти кои ја даваат црвената боја на бобинките. Утврдено е дека антоцијанините го зголемуваат нивото на азотен оксид во крвта и го намалуваат производството на молекули кои ги стеснуваат крвните садови, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Капините, малините и јагодите се само некои од бобинките кои се поврзани со ефектите на намалување на крвниот притисок.

Ф’стаци

Ф’стаците се многу вкусни и здрави. Тие содржат голем број хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок, вклучувајќи го и калиумот.

Моркови

Крцкави, слатки и хранливи, морковите се основен зеленчук во исхраната на многу луѓе. Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогенската, п-кумаринската и кофеинската киселина кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспаленијата, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Јогурт

Јогуртот е млечен производ богат со хранливи состојки кој е преполн со минерали кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, вклучувајќи калиум и калциум.

Целер

Целерот е популарен зеленчук кој содржи соединенија наречени фталиди, кои можат да помогнат во опуштање на крвните садови и намалување на високиот крвен притисок.

Популарно