Гените се чудо: 4 работи кои детето ги наследува исклучиво од својот татко

Децата се вистинско мало чудо кое претставува минијатурна верзија од своите родители.

И додека по игра на случајност, некои работи ги наследуваат од своите мајки, а други од своите татковци, постојат четири карактеристики кои на детето му се пренесуваат директно и исклучиво од таткото. 

Пол

Во моментот кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката, се одредува полот на детето. За тој избор е одговорен исклучиво сперматозоидот, бидејќи јајце клетката носи два Х хромозоми, додека машката ќелија носи еден Х и еден Y хромозом. Полот на детето зависи од тоа дали јајце клетката ќе биде оплодена со X или Y хромозом.

Доколку е во прашање Х, ќе имате девојче, а доколку е Y – пристигнува наследник на машкиот пол.

Рефлекс на кивање поради светлина

Доколку секој пат кога ќе погледнете во сонцето ви доаѓа да кивнете, тоа сте го наследиле од вашиот татко. Ваквиот феномен во кој луѓето киваат кога се изложени на сонце или изненадна светлина е наследна особина.

Отпечатоци од прсти

Иако отпечатоците на прстите се нешто што е потполно единствено и никој нема исти отпечатоци на светот, сепак отпечатоците на децата се послични со отпечатоците на татковците отколку на мајките.

Далтонизам

Далтонизмот е ретко пореметување во кое лицето не ги распознава боите јасно, туку распознава само контрасти (црно-бело). Овој термин често се меша со пореметувањето во кое лицето не распознава црвена и зелена боја. Околу 5 отсто од светската популација пати од овој синдром, од кои поголемиот дел се мажи кои природно го носат тој дефект со себе, а тие најчесто го пренесуваат и на своите потомци.

(ВИДЕО) Прекрасна емотивна приказна од сурогат мајка која го носеше бебето на нејзиниот син

Кајла Џонс има 29 години и доаѓа од Тексаркана, Аркансас, а таа е само една од многубројните девојки кои имаат желба да основаат семејство. За жал, таа направила делумна хистеректомија, која вклучува отстранување на матката и тоа само на 17 години. Токму поради тие причини, Кајла својот сон не може да го оствари.

Единственото решение за да основаат семејство со нивно биолошко дете е да пронајдат сурогат мајка, која ќе го носи нивното бебе 9 месеци.  

"Јас можам да имам биолошко бебе, но не можам да го носам јас", изјави Кајла за магазинот "Love What Matters". "Поради тоа, јас и мојот сопруг сме во потрага по сурогат мајка".

Тие двајца се обиделе да го најдат совршениот кандидат, но потрагата завршила неуспешно. После тоа, парот се одлучил да побарат помош од женските членови од семејството, а за тоа има причина!

"Мојот сопруг и јас се венчавме во 2012 година, а мајката на мојот сопруг секогаш се шегуваше да ни биде сурогат. Откако имавме повеќе неуспешни обиди во потрага за сурогат, ние започнавме да ја сфаќаме Пети малку посериозно", објаснува Кајла.

После неколку испитувања, истражувања и скептични доктори, мајката на Коди беше одличен кандидат за да го носи нивното бебе. Сепак, првиот обид бил неуспешен, но се одлучиле да не губат надеж и повторно да се обидат.

"Во Мај 2017 дознавме дека мајката на Коди е бремена!"

7 месеци подоцни се роди машко здраво бебе, Крос Ален Џонс. "Јас сум вчудоневидена од ова слатко мало чудо. Да имаме бебе по пат на сурогат мајка не беше лесно ниту за нас, ниту за мајката на Коди. Но, тоа што сега го имаме, свесни сме дека тешките денови се исплатеа".

Семејството е пресреќно, а нивната необична приказна беше интересна за целиот свет, која порталот Bored Panda несебично ја сподели. 

Видео кое ќе ви го стопли срцето: Девојче му пее на своето 2- годишно братче со Даунов синдром

Aманда е мајка на 5 деца, една ќеркичка и 4 момчиња. Меѓу момчињата е и малиот Бо кој е дете со Даунов синдром и кој неодамна имал операција на срцето.

Сепак, неговите се грижат за него со многу љубов и внимание, а еден ден кога мајката отишла да се тушира и го оставила Бо на поголемата ќерка Лидија, наишла на прекрасна глетка.

Лидија за да го држи мирно малото братче ја зела гитарата и започнала да му свири, а Бо пеел заедно со неа.

“Мојата ќерка Лидија го чуваше Бо додека јас се туширав и се случи ова. Ако немаше гитара не знам дали ќе знаеше како да го чува. Ова е доказ дека терапијата со музика одлично функционира. Бо има 25 месеци и вокабулар од 12 зборови. Секој збор го научи преку музика и пеење”, вели Аманда.

Популарно