(ВИДЕО) „Се шетав со синот во полето: Одеднаш видовме огромни пајажини, а потоа почнав да врескам”

„Тоа е навистина фасцинантно. Јас никогаш во животот не сум видела ништо слично“, рекла Марис.

Трејси Марис одлучила да го помине Велигден со своето семејство во местото Папамоа, на источниот брег на Нов Зеланд. Меѓутоа, не можеле да претпостават што ќе ги дочека таму. Тие забележале огромна пајакова мрежа преку целото поле. Неколку моменти подоцна, започнала да вреска.

„Станува збор за насип поголем од фудбалски терен“, рекла Марис.

Таа на новинарите од Нов Зеланд им ја опишала пајажината како гнездо на огромен пајак.

„Се упативме понатаму нагоре и нашите стапала заглавија во пајажината, а потоа забележавме мали црни пајаци на врвот. Врескав навистина гласно. Ох Боже, тие беа насекаде, имаше буквално илјадници пајаци“, додала уплашената Марис.

Кога пајаците почнале да се качуваат по нозете на нејзиниот син, Марис со телефонот ја снимила таа блиска средба.

„Тоа е навистина фасцинантно. Јас никогаш во животот не сум видела ништо слично“, рекла таа.

Локалниот кустос во музејот и експерт за овие животни, Кор Винк, рекол дека пајажината на Нов Зеланд е најнормална работа.

„Пасиштето е полно со пајаци, а многу луѓе не го сфаќаат тоа. Таа мрежа всушност им помага за полесно да „слетаат“ на дното. Ветерот ги разнесува, а оваа свила која ја направиле им служи како некој вид на падобран“, истакнал Винк.

Нов Зеланд не е единственото место на Земјата каде што се појавуваат овие мали суштества во голем број.

(ВИДЕО) Крокодил нападнал слон и го зграпчил за сурла. Тоа му била најголемата грешка во животот!

Животинското царство е преполно со многу чуда кои допрва треба да се откријат, но понекогаш се случуваат неверојатни работи, доволно е само да обратите внимание...

На пример ова видео, каде група слонови одмарале покрај една река, кога во еден момент еден од слоновите станал мета на смртоносен крокодил.

Крокодилот го направил својот прв потег и го нападнал слонот, но тоа му била најголемата грешка...

Саша Поповиќ останува без Гранд: Еве кој доаѓа на негово место!

Александар Саша Поповиќ долги години е директор на најголемата продукција на Балканот, Гранд. Еден ден тоа ќе мора да се промени.

Најмалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ сака да биде на чело на Гранд. Тој веќе почна да волонтира во познатата продуцентска куќа, а еден ден сака да ја преземе.

Виктор моментално студира на приватен факултет за бизнис и менаџмент, а покрај тоа го учи занаетот од Саша Поповиќ.

Виктор не сакаше да студира во странство како неговите браќа, остана во Белград, а веќе почна да го учи семеејниот бизнис. Брена и Боба одлучија да му дадат поддршка. И на нив им одговара некој од семејството да ја преземе продукцијата и телевизијата, а мислат дека Виктор е доволно способен, изјави извор за Курир.

Виктор ја потврди oва информација.

Требаше да запишам студии во Виена, но кога поразговарав со моите родители одлучив да студирам во Србија и да работам некоја работа. Започнав во Гранд, помагам кога треба. Сакам еден ден да бидам на чело на фирмата, вели Виктор.

Популарно