Дали да се ожениш со невина девојка?

Постојат некои девојки кои едноставно никогаш не би требало некој да ги ожени. Овие девојки се или премногу тешки и наметливи карактери, премногу посесивни и љубоморни или, накусо речено - Psychos! Сепак, кога станува збор за тоа за какви девојки би сакале да оженат, мажите се неопределени. Некои мажи, дури и денес, сакаат девојките да ги запознаат додека се девици, и како такви да ги оженат. Единтвената придобивка, предност од ова е што егото на идниот маж ќе биде задоволено дека таа не допрела друг маж, или барем не го допирала и не го правела она што него го плаши - со некој друг. Но, дали его трипот на идниот сопруг размислил како таа ќе се однесува во животот кога ќе знае дека тој имал бивши, а таа немала никого... Како ќе се снајде во првите искуства со маж, комбинирани со први искуства во бракот, односи со неговите роднини и пријатели... За овие, а вакви и други дилиеми станува збор.

C_2379497b

Додека од една страна невината девојка може да звучи егзотично, бидејќи ќе и бидете прв (а можеби и последен) маж кој ја одвлечкал за секс во кревет, од друга страна невиноста со себе носи еден куп непријатности.

Невиноста е многу чувствителна тема и ставовите на мажите по ова прашање се дота поделени. Едни сметаат дека е секогаш подобро да имате жена која знае што сака во креветот, додека од другите се возбудуваат на идејата дека тие се единствени и неприкосновени љубовници во животот на жената, бидејќи таа не знае за други.

Без разлика дали сте член на едната или другата страна, постојат неколку работи кои треба да ги знаете, а кои се однесуваат за жените кои никогаш не пробале некој во креветот, пред вас. Колку е, всушност, паметно да се впуштите во целата приказна и што можете да очекувате од една девица.? Обратете внимание на следните работи.

Дали девицата, порано или подоцна, ќе посака да го надополни пропуштеното?

Факт е дека девиците се неискусни, дека сеуште не се опуштени и дека порано или подоцна ќе сакаат да се обидат со други мажи. Исто така е познат фактот дека жената доста силно се врзува за оној кој и бил прв, бидејќи добила чувство дека тој е нешто посебно и дека засекогаш ќе биде покрај неа. Особено ако не ја изгубила невиноста на некоја забава, по случаен избор, туку го направила тоа со момче во кое била заљубена.

Можеби чувството дека ќе бидете првиот е интересно, но токму тоа може да ви предизвика голем број на проблеми, кои можат сериозно да ви го загорчат животот. Првиот проблем ќе биде тоа што ќе посака да се обиде со уште неколку мажи. Ќе ја скокотка помислата како изгледа да водиш љубов со друг маж, особено по одредено време кога и станува малку досадно. Се разбира, тоа не важи за сите, но поголема е веројатноста дека тоа ќе и се случи на девицата, отколку на искусната жена која сака да се смири, бидејќи и здодеало да скока од кревет во кревет.

Дали искусната жена е подобар избор?

Според оваа логика, секако дека е подобар избор. За вас подобро доколку сте со жена која зад себе има неколку мажи. Таа веќе се “издувала” и повеќе не ја интересира како би изгледало да легне во постелата на друг маж. Таа веќе знае што може да очекува и токму таква жена ќе знае дека вие сте најдобар  и нема да “шета” наоколу.

Девицата лесно ќе ја убедите дека вие сте супер љубовник, но со тек на време ќе сакате тоа да го проверите и во пракса, бидејќи теоријата повеќе нема да ја задоволува. Тогаш вие излегувате од списокот, а на ваше место доаѓаат сите останати мажи. Па доколку планирате да се впуштите во некоја невина авантура, размислете уште еднаш за сите можни последици.

Ако сеуште имате дилеми, можеби ова видео ќе ви помогне :)

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно