Доколку излегувате надвор ова никако не смеете да го правите

Снегот кој од пред неколку дена ја зафати Македонија предизвика вистинска радост за најмалите.

Снежната идила траеше неколку дена, а потоа комбинацијата со рекордното ниските температури го отежна движењето по улиците и тротоарите.

Метеоролозите предвидуваат ниски температури до крајот на следната недела, а надлежните советуваат да бидеме претпазливи доколку пешачиме или се движиме по улиците со цел да се заштитиме од повреди.

Една од најважните препораки, покрај носењето на зимски обувки за на снег е рацете да не ги држиме во џеповите. И најважното е да не типкате на вашите мобилни телефони зашто со сигурност нема да гледате пред вас и многу е веројатно да не бидете внимателни или да не забележите кога пред вас ќе има заледена површина.

Бидете внимателни и чувајте се од повреди!

Дневен хороскоп

Овен 

Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска.

Бик

Ќе морате да превземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.

Близнаци

Идеална доза на оптимизам денеска ќе ви биде неопходна. Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе.

Рак

Денеска очекувајте стресови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте.

Лав

Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници, а за тоа ќе имаат причина бидејќи нивната енергија и концентрација е далеку поголема отколку на колегите. Љубовните врски не се стабилни, а можно е да дојде и до разделба.

Девица

Не треба да имате доверба во сите колеги, постојат онакви кои не ви мислат најдобро. Во љубовта ве очекува хармоничен ден со доста разбирање и љубов од страна на вашиот партнер. Работната сфера денска во секој случај ќе биде ваша светла точка.

Вага

Ќе почуствувате големи ограничувања на работното место. За жал ви претстојат проблеми поради некоја работа од минатото, а исто така и некои законски одговорности. Но ќе имате време за аргументирана одбрана на вашите постапки.

Скорпија

Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Поканете ги во вашиот дом, приредете им изненадување и покажете им дека ви значат.

Стрелец

Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најдобар ред. Прифатете ги поразите и настојувајте да извлечете голема поука од нив.

Јарец

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема.

Водолија

Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате.

Риби

Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни.

(ВИДЕО) Карлеуша ја имитира Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“

Настапот на една од натпреварувачките во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ја испровоцирало Јелена Карлеуша да запее ѝ да покаже како пее Ана Бекута. Сакајќи да ѝ одржи лекција, таа ја имитирала својата колешка од жирито, а Бекута ја прифатила имитацијата со насмевка. За ситуацијата да биде уште поинтересна, и Аца Лукас решил да се приклучи на имитациите.

(ФОТО) Не изгледа веќе вака, Тања Савиќ потполно го промени својот изглед, велат дека е иста Ким Кардашијан!

Тања Савиќ ги изненади сите на социјалните мрежи со новата фотографија, односно новиот имиџ кој поголем дел ги потсетува на Ким Кардашијан.

Тања има потполно рамна коса, изменета фризура, а со овие промени предизвикала позитивни реакции и многу воодушевувања.

Меѓу коментарите имало и такви кои велат дека е поубава од Ким Кардашијан, а вие проценете дали тоа е навистина така.

Популарно