ФОТО: Маја Поцевска во секси издание на свадбата на Будимир

Водителката Маја Поцевска се појави на свадбата на Андријана Будимир со шлиц до колкот и се пофали со својот изглед преку фотографии на нејзиниот фејсбук профил.

maja-2
maja-1
maja
1175612_10201340498170315_1766522393_n

Ова се најсилните хороскопски знаци

Веројатно ви се случило да запознаете луѓе кои веднаш ве привлекувале магнетски, а не сте можеле да сфатите зошто.

Постојат хороскопски знаци кои се предодредени да бидат лидери и поседуваат поголема храброст и сила од другите.

Ова се најмоќните и најхрабрите знаци на Зодијакот кои се родени со лидерски способности.

Дали сте на списокот? Откријте во продолжение.

Лав

„Кралот на џунглата“ е неприкосновен кога станува збор за влијанието врз другите луѓе. Можеби на почетокот делува арогантно, но овој хороскопски знак е еден од најтоплите и е многу заштитнички настроен кон своите најблиски. Тој е вешт со зборови, па комуникацијата со другите доаѓа лесно. Лавовите се достоинствени, храбри и лојални, што значи дека можете да се потпрете на нив. Без разлика каде се наоѓаат, тие секогаш привлекуваат внимание со својата енергија.

Скорпија

Скорпиите имаат силна интуиција која им овозможува секогаш да бидат чекор понапред. Природата на овој хороскопски знак е страсна, мистериозна и донекаде посесивна, што понекогаш знае да ги исплаши луѓето. Лесно се справуваат со задачите и сакаат да бидат сами бидејќи тогаш се најпродуктивни. Она што го планираат, го постигнуваат, што ги прави вистински лидери.

Бик

Ова е третиот најмоќен знак на Зодијакот, кој поседува лидерски способности. Биковите се фокусираат на остварување на своите желби, на начин што имаат рационален и одговорен пристап кон сè. Нивниот авантуристички дух ги прави бестрашни и интересни. По природа, Биковите се одлучни, упорни и истрајни, како и сочувствителни и разбирливи.

Овие хороскопски знаци се посебни на свој начин

Стрелец

Овој знак ужива во животот, сака патувања, запознавање на интересни луѓе, а подготвени се и за разни спонтани и диви авантури на кои ќе се сеќаваат до крајот на животот. Токму на тоа им завидуваат многумина, но тие никогаш не се потпираат на мислењето на другите и трачевите.

Тие знаат кои се и за што се способни па никогаш не се плашат да излезат од својата зона на сигурност за да пробаат нешто ново. Со оглед на тоа дека нивната животна мисија е да живеат со полна плуќа, место за несигурност едноставно нема.

Лав

Овој хороскопски знак е исклучително самоуверен. И тоа толку што неговата љубов кон самиот себеси често се граничи со ароганција. Лудо се заљубени во самите себеси и не се плашат да бидат во центарот на вниманието за на светот да му покажат колку се прекрасни.

Секоја шанса која ја гледа лавот, ја користи да се покаже во најдобро издание, а ниту една критика нема да го поколеба и да го уплаши. Свесни се и дека на тој начин ќе извлечат поука од своите грешки и ќе научат нешто ново.

Овен

Овенот е со натпреварувачки дух и секогаш е спремен до соврешноста да работи на своите вештини и да го проширува своето знење. Убедени се дека за нив не постои препрека која не можат да ја минат. Зошто? Затоа што имаат неверојатно голема и силна енергија, баш како и нивната гордост, па својата енергија не можат да ја носат кон несигурност.

Кога би допуштиле секоја глупост да ги повреди, нема шанси да бидат толку силни како што се. Со овој хороскопски знак немој да си играте и да влегувате во судир, затоа што од таа игра ќе излезете како губитник.

Не го барај совршениот, пронајди го човекот кој чуден и неподнослив исто како и ти

Да се биде во врска со чудна личност не е лоша работа. Во суштина, тоа е навистина добра работа. Да бидеме искрени и вие сте малку чудни.

Танцувате во долна облека, а додека пеете, го држите чешелот во рака и се преправате дека е микрофон. Зборувате гласно во ресторани и тоа баш кога ќе настапи длабока тишина. Носите различни чорапи. Сакате да правите гримаси. Се сопнувате и паѓате. Често.

Не сте баш некоја слика за совршенство.

Сакате да јадете крофни и Сникер и не ви гајле што ви се плаче кога ги слушате баладите на Бело Дугме.

Сите сме чудни на разни начини. Сите ние правиме работи надвор од нормата. И се уште некому е непријатно поради тоа. Наместо да ги криеме нашите чудни склоноти и откачени карактери, мислам дека е време да се прифатиме себе.

Некои луѓе имаат навика да излегуваат со луѓе кои ги контролираат своите чудни навики. Тие се кул, владеат со себе. Велат „фала“ и „молам“ во секоја реченица.

Тие ставаат чај во шолјата со подигнато мало прсте.

Тие никогаш нема да кажат или направат нешто претерано. Тие презираат бучни, иритантни луѓе кои имаат свое мислење. Тие ја следат толпата.

А можеби вам ви одговара да бидете во врска со таква личност. Можеби и вие сте од друга планета. Но, ние чудаците, не можеме да бидеме со некој кој не знае да се шегува на своја сметка. Не можеме да бидеме со некој се обидува да ги сокрие своите чудни навики, кој се обидува да се промени според стандардите кои општеството ги смета за прифатливи.

Тие луѓе можат да бидат совршено убави. А можеби и на некој начин и ви се допаѓаат.

Но, тие се толку досадни. Навистина.

Зарем навистина мислите дека ќе остварите долгорочен и квалитетен однос со некој кој е совршен во секој поглед? Мислите дека ќе се заљубите во некој кој не може да ја прифати вашата личност? Мислам дека нема да ви се случи тоа.

Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како и вие.

Бидете во врска со некој кој се натпреварува со вас во правење гримаси. Бидете во врска со некој кој знае да вика со цела сила, од длабочините на своите бели дробови и тоа само заради забава. Бидете во врска со некој кој има свој танц поради кој другите го гледаат чудно.

Бидете во врска со некој кој се прифаќа себеси. И кој се смее на своја сметка исто како и вие. Бидете во врска со некој кому нема да биде непријатно кога ќе направите нешто потполно лудо.

Бидете во врска со некој кој ќе ви се придружи кога ќе почнете лудо да танцувате.

Бидете во врска со некој кој нема да ви дозволи да се изгубите себеси. Бидете во врска со личност која ќе ве сака поради тоа што сте.

Немојте да бирате премногу совршени мажи. Ниту пак досадни. Ниту пак оние кои само се обидуваат да им угодат на другите луѓе.

Одберете личност која навистина живее.  Одберете го оној кој ги сака чудните луѓе. Одберете личност која ќе ги сака сите ваши чудни навики и во добро и во лошо.

Таков маж никогаш нема да ве осудува или да ви каже како треба да се однесувате. Никогаш нема да ви наредува и да се обидува да ве вклопи во нешто коешто општеството може да го прифати. Тој ќе ве сака само вас.

И тоа е единствено нешто коешто ќе ви биде доволно.

Популарно