(Фото) Модна незгода на Камила Кабејо

Камила Кабејо имаше мала модна незгода на МЕТ галата, но успеа одлично да се справи со ситуацијата.

Пејачката носеше гламурозен фустан со 250.000 кристали, кој за време на свеченоста ѝ пукна во делот каде што започнуваше шлицот, па „ѕирна“ нејзината долна облека.

Креацијата била создадена во ателјето на Ludovic de Saint Sernin.

На големиот моден настан, Камила носеше чантичка од мраз, која буквално се топеше во нејзината рака.

Македонија со пресврт до ново Светско првенство!

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир.

Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот. 

Популарно