Хипоталамусот – центарот за апетит во мозокот, е поголем кај луѓето со вишок килограми

Научниците од Универзитетот Кембриџ открија дека хипоталамусот, клучната област во мозокот што делува како центар за контрола на апетитот, е значително поголем кај луѓето со прекумерна тежина и оти нездравата исхрана може да предизвика воспаление во овој дел на мозокот, што води до структурни промени.

Научните испитувања биле спроведени врз 1.351 млад човек со различна тежина. Тие воспаленија, велат научниците, може „да ги наруши природните механизми одговорни за одржување стабилна телесна тежина“, што им отежнува на лицата со вишок килограми да го контролираат гладот ​​и исхраната, пишува британски „Тајмс“.

Наодите говорат дека вкупниот волумен на хипоталамичната структура во мозокот е значително поголем кај луѓето со прекумерна телесна маса.

Шест причини зошто е најдобро да заминете на одмор во септември

За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор.

Еве зошто е  одлично да одите на одмор во септември: 

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.

3. Пониски цени за сместување

Луксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

6. Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

Фејсбук укинува услуга која многумина ја користат

Фејсбук во 2016 година воведе можност за праќање и примање СМС-пораки преку апликацијата „Фејсбук-месинџер“, но оваа можност наскоро ќе биде укината.

Според информациите достапни на страницата на Центарот за помош на Фејсбук, оваа услуга веќе нема да достапна по надградувањето на апликацијата на 28 септември.

Фејсбук ги советува корисниците на паметните телефони со „Андроид“ да се префрлат на апликацијата „Гугл месиџес“ или на „фабричката опција“ за пораки. 

Популарно