Кога во Турција пред неколку години серијата за двајцата, вљубени шеф и асистентка, доби толку голема популарност, папараците деноноќно ги следеа главните протагонисти.
Актерката Елцин Сангу или Дефне, за разлика од серијата, во реалноста не сака да го покажува својот сакан и вешто го сокрива од медиумите.
Но, тоа е речиси невозможно, па нејзиниот партнер постојано е како плен во лов на папараците. Можеби очекувавте да изгледа слично на Омер, но Јануш Оздикен е физички доста поразличен.
Во турските медиуми се шпекулираше дека Елцин е бремена, но таа категорично ги негираше ваквите гласини. Погледнете дел од заедничките фотографии на популарната актерка со саканиот.