(ФОТО) Сите песни и ги посвети на неа – ова е сопругата на Бајага

Момчило Бајагиќ Бајага ретко се појавува во јавност, освен ако нема некој музички повод, а синоќа се појави на премиера на филмот „Бисерот на Бојана“ и тоа со сопругата Емилија.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 година, а пред тоа се забавувале седум. Наредната година го добиле синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анџела.

Бајага секогаш истакнувал дека Ема е создадена за него, бидејќи имала разбирање за неговата работа. Инаку нивната љубовна приказна почнала во еден автобус во Земун, а останатото е историја. Како што во една прилика признал, сите песни и ги посветил на сопругата.

ВИДЕО: Ники Минаж во стилот на античка божица ги покажа своите гради

Провокативната и доста интересна раперка Ники Минаж е една од оние уметници кој велат дека ќе направат се за своите следбеници. Па затоа таа на својот Инатграм објави видео и слики од снимањето на својот нов спот.
Во видеото таа има раскошно бело боди со големо деколте.
Погледнете го видеото:
 

Рики Мартин наскоро ќе го каже судбоносното „ДА“

Пред седум месеци на својот избраник Џовани Јосеф пејачот Рики Мартин му го даде својот збор. Од тогаш па наваму тие се во подготовки за својата свадба и кога веќе судбоносниот ден се наближува, мега пејачот даде изјава.

-Ќе биде тоа голем настан.Сакам нешто навистина големо и го одбравме Порорико, зошто сум од таму, а тој од Шветска а неколку од неговите роднини од Сирија, па така венчавката ќе ни биде интернационална- изјавил Мартин.
 

Песна од Тоше на Македонски во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот фаворит,  Ристе Ристески  во трката за триумф во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се реши во финалето да пее на Македонски јазик.

Како со својот маестрален вокал, така и со шармот, тој го пленеше жирито од емисија во емисија. Големото финале е закажано за среда (28-ми јуни), а кандидатите влечеа „ждрепка“ за да го изберат редниот број. Нашиот Ристе го извлече бројот седум.

– Го извлеков бројот седум и се надевам дека ќе биде мојот среќен број утревечер. Ќе отпеам прекрасна балада од Тоше Проески на македонски јазик и уште една, која ќе биде изненадување. Како единствен финалист од Македонија, ќе дадам се од себе за да ја претставам мојата земја во вистинско светло, вели Ристе Ристески . Саша Поповиќ и Лепа Брена подготвуваат огромен број на изненадувања за финалната вечер.

Мега ѕвезда на вечерта дефинитивно ќе биде Јелена Карлеуша која после долгата пауза ќе објави две нови песни од кои „Остављам те“ во дует со Азис и „Банкина“ во дует со Аца Лукас. Годинешното финале ќе се одржи на 28-ми јуни во огромното студио на Гранд во Белград.

За прв пат оваа година ќе има двајца победници, едниот ќе го избере публиката преку СМС гласови, додека другиот жирито заедно со сите таинствени гости кои се појавуваа во улога на 7-ми член. Двајцата победници ќе добијат бесни автомобили, песни, спотови и илјадници евра вреден маркетинг, додека сите финалисти добиваат по една песна во продукција на Гранд.

Популарно