Геоглифот во близина на Свети Николе, ќе ја потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот

Под геоглифот во светиниколското село Црнилиште има огромен комплекс од три простории: една помала и две поголеми со димензии од околу 18 метри ширина и 11 метри должина, а пред нив голем елипсоиден ходник. На средината поминува река која се двои на два дела како гејзир или фонтана, што наведува на фактот дека се работи за ритуално, култно место бидејќи во минатото значајните објекти, па и градовите, се граделе во близина на извори со жива вода.

439082-geoglifot-vo-blizina-na-sveti-nikole-najverojatno-kje-ja-potvrdi-teorijata-deka-makedonija-e

Сето тоа е прикажано на 3Д-скиците кои ги изработи професорот Аристотел Тентов врз основа на резултатите од електромагнетното и акустично истражување на локалитетот што на двапати лани го вршеа меѓународни експерти.

- По неколку месеци од истражувањата, ја добиваме сликата за тоа што всушност се крие под геоглифот. Се работи за комплекс што зафаќа површина од 100х70 мери и има три простории за кои сметам дека е можно дека се гробниците на македонските божества: Творецот на универзумот, Големата Мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе. Звукот што е снимен, а произлегува од овалната просторија, според мене служи како резонатор што го трансформира звукот со интервал на голема прецизност, но засега не би можел да објаснам за што точно се работи. Тоа останува да се види кога ќе се влезе внатре, вели професорот Тентов.

Тентов објаснува дека двете мали точки на сликата се изворите на водата и се на повисоко ниво - едната е југоисток, другата југозапад и го пренесуваат звукот и од просторијата и од водата која таму се движи. Трите комори се на длабочина на 11 метри од основата на влезот, а од влезот до нив има 15 метри должина со пад од 11 метри, што значи дека се поставени многу стрмно.

Вештачки објект стар околу шест илјади години

Професорот Тентов напоменува дека сите симболи се од демотско писмо (истото од Каменот од розета) и го претставуваат богот Ѕе, кој е првороден син на Големата Мајка и на врховниот бог на древните Македонци - творецот на универзумот. Самиот симбол - големата испрекршена стрелка што се наоѓа во вид на ровови на врвот на геоглифот, еднаш во годината, на 22 јули на роденденот на Александар Велики се пресликува со небесната слика на соѕвездието Касиопеја што е уште еден показател дека се работи за многу значаен сакрален објект.

439083-geoglifot-vo-blizina-na-sveti-nikole-najverojatno-kje-ja-potvrdi-teorijata-deka-makedonija-e

- Дефинитивно се работи за многу вредна градба, вештачки објект кој најверојатно потекнува од пред шест илјади години. Претпоставувам некогаш бил отворен, но дека бил сокриен под заканата од Римјаните. Тоа се потврдува и со видот на земјата со која е затрупан, а различна од онаа од околината. Но, ќе повторам дека тоа треба да се потврди со археолошки истражувања, вели Тентов.

И самата градба е изградена врз принципот на Теслина физика, односно Теслини бранови кои современата наука не ги познава доволно и претставува предизвик за современата научна јавност. Тоа, според Тентов, исто така дава едно ново светло во историјата, не само македонската туку и на светската наука дека на овие простори опстојувала многу развиена цивилизација. Најверојатно, додава професорот, ќе се потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот.

-Нас не учеа дека божествата се бесмртни. Меѓутоа, податоците од индиската цивилизација која доживеала контакти со македонската цивилизација 3.000 години пред новата ера, во периодот на Дионис, укажуваат дека Македонците своите богови ги прикажуваат како луѓе, со човечки лик, само што живееле многу подолго од еден човечки век, појаснува Тентов.

439084-geoglifot-vo-blizina-na-sveti-nikole-najverojatno-kje-ja-potvrdi-teorijata-deka-makedonija-e

Се очекува дозвола за археолошко истражување

Локалната власт ги поддржува сите истражувачки проекти на својата територија, а конкретно за геоглифот, градоначалникот на Свети Николе вели дека по добиените првични резултати, од Управата за културно наследство веќе побарал дозвола за археолошко истражување. Заедно со македонските археолози ќе се вклучат и странски експерти, како најдобриот египтолог Ола Ел Агуизи, која ја носи титулата прв археолог на Египет, а и самата покажала интерес да дојде во Свети Николе.

Геоглифот во близина на Свети Николе стана популарен пред две години откако хрватскиот истражувач и археолог Домагој Николиќ во емисијата "На рубу знаности# објави дека во селото Црнилиште е откриен древен симбол на можна кралска гробница од времето на Пајонците, дури се сомневаше дека таму се наоѓа гробот на Александар Македонски или на некој владетел од неговата династија.

Но, ако археолозите ја потврдат теоријата на меѓународниот експертски тим кој учествуваше во неинвазивните истражувања, тогаш треба да очекуваме дека сме на прагот на големо, епохално откритие.

Вечер.мк

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот.

Овој ден се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. 

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

- Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

[Сојузот на синдикати на Македонија  бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.]

- На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. 

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

Популарно