Истражување: Алкохолот не прави посреќни

Ново истражување на Универзитетот од Оксфорд, извршено над 2.254 лица постари од 18 години, покажа дека алкохолот ги прави луѓето посреќни.

Испитувањето се фокусирало на тоа каде младите излегуват, колку пијат и како го поминуваат времето во локалите.

Од нив, 19,8 отсто одговориле дека претпочитаат помирни места каде разговорот е некако поинтимен. Оние кои ќе се поднапијат често се отвораат пред другите, па разговорите траат прилично долго. Малите места развиваат поквалитетна социјализација, пишува лондонски „Индепендент“.

Во градските средини пак, луѓето имаат навика почесто да ги користат своите смартфони, па така разговорите се покуси. Во однос на консумацијата на алкохол, нема голема разлика.

Освен тоа, во градовите забавите се многу погласни, што исто оневозможува подолги разговори.

Алкохолот опушта и зближувањето со другите го прави полесно, а тоа пак, ги прави луѓето посреќни. Социјализацијата е еден од главните фактори за поисполнет живот.

ВИДЕО: Сопругот ја силувал 40 години, а синот ја докрајчил

Џој Харис се омажила за радикалниот пастир Лари Харис, кој проповедал дека жената мора да се поклони на секоја желба на мажот, а потоа открила дека нејзиниот сопруг за време на 40 години брак ја силувал по седум пати дневно. 

Лари и Џој се преселиле од Америка во Австралија во 1994-та година во рамките на мисијата на еден оддел од батистичката црква Valley Forge Baptist Church, која претходните нејзини членови ја опишуваат како култ.

"Ме учеше и мене и своите следбеници дека жената треба да му се поклони на мажот како човекот на Бога, зборуваше дека тоа го пишува во Библијата. Мислеше дека тоа што ќе ме силува повеќе пати ќе го направи поголем маж, па тоа со текот на времето се влошуваше", раскажува за Daily Mail.

Кога вистината за тортурите врз оваа жена била откриена, дури и старешината од спомената баптистичка црква изјавил дека не му е јасно "како може човек да одговара пред суд за нешто што не е злочин". Сличен став заземал и еден од нивните синови, Кевин, кој живеејќи и растејќи со татка си го преземал најлошото од него. И тој станал пастир во еден од радикалните делови на црквата.
 

"Тој ги прекина сите врски со мене и ме обвинува мене за судбината на неговиот татко. Кевин вели дека јас сум виновна за се бидејќи не ја разбирам Библијата и Бога и дека се сум заслужила бидејќи не сум знаела да покажам покајување и понизност", изјавила Џој за својот сопствен син. 

Во интервјуто објавено со Кевин тој не можел да одговори на прашањето како неговата мајка ги заслужила тие силувања, туку демонстративно ја напуштил собата. 
 

Меѓутоа нивниот друг син, Џејсон Харис, го напуштил култот кога открил што се случувало во неговото семејство и сега ја поддржува својата мајка и ѝ помага да го преброди ова.

Пасторот Лари Харис моментално отслужува петгодишна затворска казна поради обвинение за силување на својата жена. 

ФОТО: Ќе ја препознаете ли Милица Тодорович без грам шминка

Некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, блесна во природно издание. Милица Тодоровиќ важи за вистинска убавица. Некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, на било кој настан каде и да се појави, секогаш е дотерана и блеска.
 


 

И без шминка, Милица е вистинска убивица. Токму во природно издание позираше неодамна во еден фризерски салон.

Дали Милица Тодоровиќ ви е поубава со или без шминка?

Популарно