Како Аделина ги налути медиумите?

Популарната пејачка Аделина Тахири ги налути преставниците на медиумите откако денска доцнеше на промоцијата на својот нов албум. Промоцијата беше закажана во  11 часот требаше, па новинарите во конференциската сала пристигнале точно на време, но набрзо биле известени дека дека промоцијата е презакажана за 11.30.

hitportal-adelina-2

Петнаесет минути потоа Тахири се уште не се појавила на настанот.

Во моментот кога македонските новинари заминувале од хотелот, дел од новинарите од албанските редакции допрва пристигнувале, па изгледа дека тие биле известени за точното време за почеток на промоцијата, наведуваат од „Вест“.

Новинарите од македонските редакции се договорија промоцијата на пејачката да се бојкотира поради нејзиниот неодговорен и несериозен однос.

По скандалот со промоцијата се огласи и менаџерот на Аделина

Ви го пренесуваме во целост соопштението на тимот на пејачката, по повод скандалот околу промоцијата на нејзиниот нов албум.

Почитувани пријатели, колеги и медиуми,

имаме потреба да изразиме големо жалење поради недоразбирањата кои денеска се случија на промоцијата на новиот албум на Аделина Тахири.

Уште пред еден месец, Аделина заедно со менаџментот на елитниот хотел „Bushi Resort & Spa“ ја закажа промоцијата за 28.01.2015 со почеток во 11:30 часот, но пред да ги пуштиме поканите до медиуми, донесовме одлука да направиме приемен дел од 30 минути со цел да се соберат сите медиуми.

Истата покана, на македонски и албански јазик беше испратена до сите медиуми, а Аделина Тахири задоцни само 15-тина минути поради гужва во сообраќајот.

Изразуваме благодарност за разбирањето, особено до екипата на популарниот дневен весник „Вест“, естрадниот магазин „Бекстејџ“ и многу други ценети македонски медиуми кои останаа да ја проследат до крај промоцијата.

Достојно за реномето на хотелот, но и стилот на Аделина, промоцијата заврши со коктел на кој присутните гости можеа да и поставуваат прашања и да се дружат со популарната пејачка.

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно