Како починал Џорџ Мајкл?

Славниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неговиот публицист.

Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.

Полицијата соопшти дека не се утврдени никакви сомнителни околности во врска со неговата смрт.

Џорџ Мајкл за време на својата исклучително плодна кариера, која траеше речиси четириесет години, имамо продадено албуми во тираж над 100 милиони.

„Со голема жал потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл почина мирно, во својот дом за време на Божикните празници“, се наведува во изјавата на неговиот публицист.

„Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок и емотивен период“, дополни неговиот публицист.

(ВИДЕО) Запознајте го Афроамериканецот кој „растура“ со народни песни

Рон на едно патување во Србија се заљубил во балканскиот начин на живот. Овој Американец од Калифонрија набрзо започнал да го учи јазикот и народните песни кои ногу му се допаднале, па почнал и нивните преработки да ги објавува на Јутјуб.

Преработките почнале да се шират по друштвените мрежи, а Рон станал вистинска ѕвезда во Србија.

(ВИДЕО) Тајна стара 30 години: Југословенскиот хит „Сватови“ од Весна Змијанац крие трагична приказна

Еден од најголемите Југословенски хитови е емотивната балада на Весна Змијанац, „Сватови„а многумина ќе се сложат дека баш оваа песна и ја обележа целата нејзина кариера.

Оваа песна е објавена во дамнешните 90-ти, а се слуша до ден денес, но многумина не ја знаат трагичната приказна која ја крие оваа песна.

Имено Весна пее за тажната судбина која го снашла еден млад брачен пар.Невестата во тој момент била бремена , тргнала на проба за венчаница со својот избраник а тогаш се случила трагедија.

Двајцата доживеале страшна сообраќајка во која загинале и оваа песна им е посветена токму ним.

Пинк ги исфрли Македонците: Немаме преставници во финалето

Третата сезона „Ѕвездите на Пинк“ како што знаете не се емитува во Македонија. Поради забраната од ЗАМП која траеше неколку месеци, Сител телевизија беше приморана да се откаже од емитување на српска музика оваа сезона. Тоа придонесе и во емисиите во кои се гласа со телевоутинг да нема гласови од нашата земја како што во енормен број имаше лани. Во вчерашната емисија, гледачите од регионот за прв пат имаа можност да гласаат за пинковите ѕвезди и се случи тоа што се случи... македонскиот кандидат не освои доволно гласови и беше исфрлен од натпреварот.

Македонија остана без свој учесник! Кога шоуто се емитуваше на мк телевизија и Македонците гласаа целовечерно, тоа им одговараше на Пинк телевизија и ги држеше до самиот крај. Сега, и покрај прекрасните настапи и одлични коментари, Адам не се задржа во големото суперфинале. Во ланската сезона кога гласаа и гледачите на Сител, Адам беше дел од финалето. Оваа година, не.

Во продолжение, погледнете ги неговите вчерашни и последни настапи за кои коментарите на жирито, како и дотогаш, беа дека тој заслужува финале над финалињата и дека има специфична појава која го прави вистинска Пинкова ѕвезда.

Популарно