Каков ќе беше светот, ако го послушаше советот на Тито?

Сведоци сме на се почестите терористички напади во 21 век. Токму затоа на Фејсбук се појави текст што оригинално бил објавен пред повеќе од 40 години, а во него е говорот на Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија, каде тој повикува на мир, но исто така нуди рецепт како да се искорени тероризмот.

tito-profimedia-0016624518_1000x0

Тито изразил несогласување со акцијата на германските специјалци во 1972 година во врска со масакрот на израелските спортисти за време на Олимписките игри во Минхен изведен од страна на палестински терористи, велејќи дека постоел многу подобар начин како да се постапи во тој случај. Во нападот биле убиени 11 Израелци и двајца Германци, а поранешниот југословенски лидер ги навел видовите терор што се случуваат и денес ширум планетава.

- Инаку, Вие знаете каква е ситуацијата. На Блискиот Исток работите влегоа во ќорсокак. Видовте што се случи во Германија на Олимпијадата во Минхен. Убиени се 11 израелски спортисти. Загинаа и двајца Германци... Поради тоа можеа да ги кренат авионите и да бомбардираат жени и деца во Либан и Сирија. Лично јас, и целиот наш народ, сме апсолутно против тоа што го направија германските специјалци во Минхен. Дали свесно или несвесно биле нечие орудие, не знам. Но, ние сме против терор, воопшто. Дајте малку да размислиме – каков сè терор постои? Што е со оној терор кога секојдневно се фрлаат илјадници и илјадници тони експлозив, кога се руши со бомби и сè живо се убива? Дали тоа е терор? Тоа е најлош терор! Според тоа, сега нека се извлечат поуки од тоа што се случи во Минхен, па еднаш засекогаш преку Обединетите нации да се направи нешто тероризмот од светски размери повеќе да не може да се појави. А тоа може да се оствари... Тоа што денес го прави Израел не го прави сам, туку има добра поддршка однадвор. Заради тоа е многу опасно. И тој терористички потфат во Минхен има една пеколна намера. Целата омраза на човештвото да се насочи кон Арапите. Тукуречи, да се ликвидираат сите Арапи на светот. Се разбира, ние мораме да се бориме против тоа целата вина да се „фрли“ на тие народи, на цели држави – рекол Тито во Приједор.

Со говорот, Тито дал и еден вид рецепт како да се санира моменталната ситуација со тероризмот, иако југословенскиот лидер овие зборови ги изговорил пред 40 години.

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно