Лек за идеално деколте

За позатегната кожа на деколтето ви е потребна смрзната лимонада:

250 мл вода

Сок од еден лимон

Добиената лимонада замрзнете ја во коцки. Неколку пати во денот поминете нежно со мразот по кожата од деколтето, а потоа избришете се со памучна крпа и нежно тапкање.

За да ви бидат градите поцврсти, направете ја следната смеса:

24.09monika1

1 лажица витамин Е (течен)

1 лажица јогурт

1 јајце

Убаво измешајте, па измачкајте ги градите и оставете да отстои 20 минути. Исплакнете.

Во 1 лажица пченкарно брашно додајте малку вода, па со кружни движења измасирајте ги градите. Одбегнувајте ја областа околу брадавиците кои можете да ги измачкате со бадемово масло. По неколку минути исплакнете.

За да ви бидат градите поцврсти, направете ја следната смеса:

Маската со јаболко е традиционален рецепт за зацврстување на градите:

2 јаболки ситно сечкани

300 мл млеко.

Смесата се става на оган додека да се згусне. Изладената маска се нанесува на градите и се остава да отстои 15 минути. Се плакне со вода.

Хидротерапијата е исто така корисна за одржување на цврстината на градите. При туширањето наизменично пуштајте топла и студена вода, а со млазот правете „осмици“. Со тоа ја подобрувате циркулацијата, водата прави масажа со што се затегнува ткивото.

Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.

Популарно