МНР потврди: 36- годишна велешанка пронајдена мртва во Лондон

Резултатите од обдукцијата треба да кажат од што настапила смртта.

london-740x416

Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија, јавува Дума. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.

- Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка - велат неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.

Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.

Починала за 10 дена откако мачката ја гризнала

Жена од Јапонија починала од болест која ја предузвикуваат крлежи, а и ја пренела мачка.

Ова е прв случај на синдромот Тромбоцитопении да се префрли на човек.

Жената и помагала на мачката, која била скитник, а таа ја гризнала. После десет дена жената починала од јака грозница со синдромот СФТС кои го пренесуваат крлежи.

Со оглед на тоа дека на телото немала никакви траги од крлеж или угриз, се претпоставува дека се заразила преку угриз на мачката.

Јапонските власти јавија дека ова е исклучително редок случај, но сепак гипредупредија граѓаните да бидат внимателни кога стапуваат во контакт со животнисо загрозено здравје.
 

Митко Чавков преживеал инфаркт

Екс директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт. По извршена интервенција на негово барање Чавков ја напуштил клиниката по неколку часа, потврди Беким Поцеста, директор на скопската Клиника за кардиологија.

Тој вели дека вчера утро Чавков на клиниката во Скопје бил донесен од струмичката болница каде што првично бил сместен. Лекарите на кардиологија во Скопје направиле сѐ што  потребно, вели директорот Поцеста, по што поранешниот директор побарал да ја напушти државната кардиологија и лекувањето го продолжил во приватна болница.  

- На барање на пациентот, тој ја напушти болницата. Ние не можеме да спречиме ако некој сака да си оди  - вели директорот Поцеста.

Неофицијално, Чавков во моментов се опоравува во една приватна болница.

Крвава тепачка во Охрид - маж претепан до смрт

Едно лице почина како последица на тепачка што вчера попладне се случи на улица „Будва“ во Охрид. 

Портпаролот на СВР - Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата и најави повеќе информации во текот на денот. 

Според првичните информации, до инцидентот дошло поради банална причина односно вербална расправија која преминала во жестока и насилна тепачка. 

Притоа смртно настрадало повозрасно лице на 60-тина години кое им подлегнало на здобиените тешки телесни повреди во тепачката.

Популарно