Неверојатната моќ на спермата

Истражувачите од Универзитетот во Аделаида во Австралија преку истражувањата што првенствено ги направиле врз глувци дошле до неверојатни откритија за луѓето што можат да им помогнат на паровите кои имаат проблеми со добивањето деца.

Кај глувците, а и кај луѓето секој процес на парење кај женката предизвикува ослободување на имунолошки клетки, познати како регулаторни Т-клетки, за кои се знае дека ги потиснуваат воспалителните процеси во телото.

Овој процес може да има важна улога за ембрионот успешно да се имплантира во матката, наместо да биде исфрлен како туѓо тело. Кај луѓето, докажано е преку неколку студии дека намаленото количество на регулаторните Т-клетки се поврзува со неколку репродуктивни проблеми, меѓу кои необјаснивата неплодност, спонтаните абортуси, прееклампсијата и предвременото породување.

Преку испитување на грлото на матката кај жените, истражувачките откриле дека спермата поттикнува имунолошки промени и кај луѓето. Тие детектирале дека кратко време после сексуален однос, грлото на матката почнува да ослободува имунолошки сигнални молекули, што може да биде знак за зголемено ниво на регулаторните Т-клетки.

Покрај тоа што овозможуваат ембрионот успешно да се имплантира во матката, можно е овие ефекти исто така да ги минимизираат шансите жената да го отфрли ембрионот подоцна во текот на бременоста. Жените кои забременуваат после кратка сексуална активност, поверојатно е да развијат нарушувања во текот на бременоста, велат истражувачите.

Овие наоди се поклопуваат со опсервациите дека спермата содржи неколку значителни молекули, меѓу кои цитокини, простагландини и хормони, кои можат да влијаат врз женското ткиво.

Ова откритие има импликации при вештачкото оплодување. Откако јајце ллетките ќе се оплодат во лабораториски услови, избраните ембриони хируршки се внесуваат во матката. Ова е една од точките каде вештачкото оплодување може да не успее, доколку ембрионот не може да се имплантира во матката.

Многу клиники за фертилитет ги советуваат паровите да се воздржуваат од секс,додека трае третманот за вештачко оплодување, со цел да се минимизира ризикот од инфекции преку семената течност. Ова е многу мал ризик, во споредба со корисните ефекти што спермата ги има врз женскиот имунолошки систем, велат истражувачите.

Во прилог на ова се и заклучоците од неодамнешниот преглед на студии дека сексот за време на вештачкото оплодување ја зголемува стапката на имплантација на ембрионот за 23 проценти.

Ефектите што спермата ги има врз имунолошкиот систем на жената, исто така можат да помогнат во објаснувањето зошто некои парови не успеваат да зачнат веднаш. „Се чини дека на луѓето им се потербани три месеци сексуален соживот за да бидат спремни за зачнување“, вели Сара Робертсон, водач на истражувањето.“Нашето истражување укажува дека првичниот пристап во лекувањето на неплодноста е на луѓето да им се каже да продолжат да се обидуваат. Но, ако не успеат, следењето на регулаторните Т-лимфоцити би можело да биде следниот чекор“– вели таа.

Доколку ниското ниво на регулаторните –Т клетки е причина за неплодност, третманите со кои ќе се зголеми нивниот број можат да помогнат на жените кои неуспешно се обидувале да забременат подолго време.

Ако сакате да ослабете, овој витамин ви е неопходен

На човечкото тело му се потребни голем број витамини и минерали, кои го овозможуваат неговото нормално функционирање. Освен главните хранливи состојки, се покажало дека витаминот Д зазема важно место кога станува збор за здравјето на нашето тело.

Овој витамин го поттикнува производството на калциум, ги одржува коските, успешно се бори против анксиозноста, а новите истражувања покажуваат дека влијае и врз слабеењето.

– Ако сакате да ослабете, секојдневно земајте витамин Д пред оброците. Најдобро делува во комбинација со мастите, бидејќи ги разградува маснотиите во човечкото тело, предупредува нутриционистката Кери Клифорд.

Додава дека најефикасните резултати се постигнуваат кога го консумирате со појадокот, кој би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот.

– Многу истражувања се направиле до сега во врска со витаминот Д, а се покажало дека влијае врз сите клетки во организмот, го зајакнува имунитетот, влијае врз функционирањето на мозокот и ја подобрува функцијата на метаблизмот, заклучува Кери.

Хирурушка инервенција за големување на пенисот во Македонија: Се срамат да имаат секс поради големината

Хируршката интервенција на зголемување на машкиот полов орган е релативно нова процедура во македонското здравство. Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат.

- Се работи за еднодневна интервенција -  пациентот лежи во болница само еден ден. Интервенцијата се изведува низ минимален рез кој потоа не се забележува, но ефектите се извонредни. Се вградуваат природни материјали, како перикард (обвивката на срцето од животинско потекло) и вештачки материјали. Тие се како лист хартија со кои се замотува пенисот и пациентот добива ширина која е прифатлива за него. Максималната должина што може да се добие со хируршка интервенција, според медицинските протоколи, е 2,5-3 сантиметри.

Најчести барања на пациентите се во еден акт да се добие продолжување на пенисот - елонгација и задебелување - аугментација. Пациентите ги прифаќаат реалните вредности за да немаат последици врз ерекцијата и сексуалниот живот.

(ВИДЕО) Рани знаци кои откриваат дали вашите бемки се канцерогени

Ракот на кожа е втора најчеста малигна болест кај лица помлади од 50 години, а добрата инфографика помага при детекција.

Ракот на кожата е најчест облик на малигно заболување кај пациенти помлади од 50 години, а нивниот број е двојно зголемен во последните три децении. Експертите тврдат дека причината за зголемување на бројот на заболени е цената која луѓето ја плаќаат поради прекумерено и незаштитено сончање во младоста, како и користење на солариум, кој својата популарност ја доживеа во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век.

Малигниот меланом е еден од најопасните форми на рак, а експертите веруваат дека главен виновник за негова појава е опсесијата кај луѓето за потемен тен.

Кожата се сеќава на изгорениците уште од најраното детство, а како резултат на тоа можат да се развијат промени на кожата од кои произлегува меланом. Шансата за развој на карцином е поголема доколку порано ги имаме добиено изгорениците. Потребно е внимание и при користење на солариум, бидејќи 15 минутно негово користење има исто влијание врз кожата како целодневно сончање на плажа.

Иако светилките во солариумот емитираат помал процент на УВ зраци, кои се одговорни за меланомот, не се безопасни. Луѓето кои одат на солариум почесто, заболуваат од меланом, а ризикот е поголем кај оние кои почнале да го користат на рана возраст. Важно е навремено да реагирате и доколку забележите симптоми истите да ги пријавите на лекар, кој според клиничката слика ке ве упати на понатамошен специјалистички преглед.

Ракот на кожата не боли, но рапидно расте и се појавува насекаде по телото. Најчесто настанува на деловите кои се изложени на сонце, особено на лицето и вратот, а се појавуваат и на екстремитетите. Меланомот е еден од најопасните форми на рак на кожата, а се појавува како пигмент на кожата и се претвора во бемка.

Симетричните бемки, чии граници се јасно видливи, најчесто се бенигни и не се опасни. Малигните бемки, се карактеризираат со неправилен облик и нееднакви и нејасни рабови. Ако не сте сигурни дали бемката е симетрична, замислете линија која ја дели бемката на половина. Ако двете половини се со еднаква големина и контура, бемката не е малигна, но доколку се сомневате посетете лекар.

При детектирање на тоа дали вашата бемка е потенцијално канцерогена, ќе ви помогне оваа инфографика.

Популарно