Денеска е понеделник, 26 јануари, 26-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 339 дена.
Денот трае девет часа и 46 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 53 минути, а заоѓа во 16 часот и 39 минути.
Месечината заоѓа во 23 часот и 57 минути и повторно изгрева во 10 часот и 17 минути.
Временска прогноза
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта во јужните и источните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со снег.
Во југоисточните делови се очекува да наврнат 15 л/м2. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температура ќе се движи од минус еден до осум степени.
Во Скопје слично време, со температура до пет степени.