Македонските пејачки сакаат да имаат холивудски изглед. Тие ги следат светските модни трендови и отворено зборуваат за пластичните операции. Вистина.мк објави кои македонски познати ѕвезди направија пластични операции.
Фолк пејачка Анета Наковска ги подигна очните капаци и стави силикони во една белградска клиника.
Во ноември 2013 година пејачката Бојана Атанасовска се пофали со нови усни. Таа отворено говореше за естетската корекција што ја направила и изјави: „Отсекогаш ме нервираше тој милиметар што недостасуваше за моите усни да изгледаат сензуално“.
И Елена Велевска призна дека ставила силиконски гради, додека Елена Петреска Толевска има нов нос, кој го направи во Воената болница во Скопје.
И фолк пејачката, Џесика Палашкоска отворено се пофали со новите силиконски гради, како и Сузана Гавазова која направи корекција на усните.
Фолк- пејачката Сузана Гавазова направи силиконски усни. Естетската интервенција ја направил специјалист од Софија, Бугарија за 1.500 евра. Овој пластичен хирург има направено многу естетски корекции на бугарските пејачки.
Популарната поп пејачка Елена Петреска Толевска има нов нос, кој го направи во Воената болница во Скопје. Во тој период таа изјави: „Јас не дека не бев задоволна од мојот нос, но не ми се допаѓаше предниот дел, беше подебел, а и тешко дишев. Сум имала некоја девијација, заради која бев приморана да дишам само со уста. Но, сега и тоа го средивме. Не би сакала да кажам колку ме чинеше, во секој случај поевтино од странство.“