Пеколно топло и денеска

ох

Денеска е недела, 29 мај 2016 година, 150-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 216 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот.

Денов трае 14 часа и 58 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 52 минути по полноќ, а ќе зајде во 12 часот и 9 минути.

Временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и доста топло време, но во попладневните часови не е исклучена појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Од средината на наредната недела во попладневните часови повторно ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.

За Божиќ вистинска радост за децата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Во кои делови од Македонија е најстудено, а каде има најмногу снег?

Најстудено со измерени -3 степени целзиусови утрово е во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри, соопштија од УХМР.

Во Струмица и Демир Капија се измерени -2 степени, -1 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, нула во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 степен во Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе и Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор и 7 степени во Охрид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 12 сантиметри во Крушево и 10 на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово, како што соопштија од УХМР, е малку до умерено облачно. Во западните делови дувало слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец и таму температурата утрово е повисока. Во останатите делови е постудено, а во некои котлини во Повардарието има магла.

Времето денеска во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 9 степени. 

Издаден портокалов аларм во Македонија

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег.

Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот, велат од УХМР.

Популарно