Денеска е понеделник, 25 јули 2016 година, 207-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 159 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот.
Денов трае 14 часа и 40 минути.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 23 часот и 16 минути, а ќе зајде во 11 часот и 16 минути.
Временска прогноза
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 28 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степена.