Пријавување на болните и изнемоштените за изборите на 27 април

Во тек е пријавувањето на болните и изнемоштените лица за гласањето на предвремените парламентарни избори на 27 април, додека оние што веќе гласаа на првиот круг од претседателските избори потребно е само да поднесат известување до општинските изборни комисии дека сакаат да го остварат правото на глас и на вториот круг од изборите.

izbori-glasanje-1370469909-321463-630x338

Болните и изнемоштените правото на глас ќе можат да го остварат во своите домови на ден пред вториот круг од изборите за претседател и предвремените парламентарни избори односно на 26 април.

Заменик-претседателот на Општинската изборна комисија на Штип Маре Каранакова, објаснува дека оние што веќе гласале на 12 април за претседателските избори треба да поднесат известување дека повторно сакаат да гласаат, без медицинска документација, бидејќи комисијата веќе ја има. Комплетна медицинска документација, посочува таа, е потребна само за оние болни и изнемоштени лица кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори.

За гласањето на неделните претседателски избори во земјата беа прифатени пријавите на 6.980 болни и немоќни лица.

Во Штип на 12 април во домашни услови гласаа 86 лица, а 169 беа одбиени поради некомплетна медцинска докуменатција.

- Рокот за поднесувања на известувања за гласање на претседателските и предвремените парламентарни избори е 20 –ти април односно до недела на полноќ, вели  Каранакова.

Оние болни и изнемоштени лица кои беа одбиени заради неуредна документација, ќе имаат право да гласаат во домашни услови доколку истата ја средат и достават, но само за предвремените парламентарни избори. Тие немаат право да гласаат за претседател во домашни услови, но можат да гласаат на избирачките места на 27-ми април. 

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно