Првиот сопруг на познатата фолкерка се самоубил поради неа

Стојанка Новаковиќ или попозната како Стоја е една од најпознатите фолкерки на Балканската сцена.

Но, таа крие една мрачна тајна.

Имено, Стоја уште на 16 години се омажила за својот прв сопруг. По кратко време станала вдовица и останала само со едно дете. Таа изјавила дека нејзиниот сопруг починал во сообраќајна несреќа.

Но, вистината е сосем поинаква.

Мештаните на Зрењанин тврдат дека тој се самоубил, односно скокнал во река во која се удавил бидејќи неговите родители не ја пријавиле Стоја за снаа односно им сметало тоа што таа била кафеанска пејачка.

„Стоја е прекрасна жена. Многу патеше поради нејзиниот прв маж. Многу се сакаа и од таа љубов се роди нивниот син. Набрзо по венчавката почнаа проблемите зошто родителите на нејзиниот маж никако не го одобруваа тој брак“- вели сосед на Стоја.

Севе се нафатирала од алиментација: Колку пари месечно и плаќал Милан?

Откако Северина рекла дека го изгубила бебето поради стрес за време на судската борба за старателство над синот, нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ решил да ја открие својата страна на приказната.

Тој рекол дека му е жал поради тоа и дека е сигурен дека пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ ќе „имаат нова шанса да добијат дете“. Напоменал дека Севе не ја каува вистината кога рекла дека нивниот 5-годишен син Александар не го видел 18 месеци.

- Вистина е дека не го гледав синот, но тие периоди беа кратки. Според претходната пресуда, јас 250 дена од годината немав право да го гледам своето дете. Ми беше тешко. Мојата желба што повеќе време да поминувам со него ме водеше низ целата постапка, рекол Поповиќ, кој со одлука на судот постигна заедничко старателство со пејачката.

Попови тврди и дека на Северина месечно и давал по 10.000 евра.

- Редовно плаќам алиментација. Инаку и за тие 18 месеци, кои незнам како се пресметани, редовно си го плаќав издржувањето. Давав околу 10.000 евра месечно. Плус и помагав околу албуми, турнеи, настапи, спотови и се што беше потребно, рекол Поповиќ.

ФОТО: Тамара Тодевска ја крштеваше Хана во еден од најубавите манастири во Македонија

Ќерката на пејачката Тамара Тодевска неодамна наполни една година, а сега Тамара ја крштеваше во  манастирот Свети Јован Бигорски. Со фотките кои ги закачи на социјалните мрежи ги израдува сите.

Аца Лукас полудел кога дознал дека Јариќ му ја „мези“ сопругата

Аца Лукас деновиве е на тапет во српските медиуми поради веста дека сопругата го изневерува со Марко Јариќ.

Како што пишува српскиот Блиц, кога фолкерот дознал за неверството, веднаш го прегледал телефонот на Соња. Имал и што да види, пораки од Јариќ. Лукас му испратил порака од името на сопругата и побарал да се видат, велејќи сопругот дозна. Побарал од марко да се јави на друг број, а кога тој го направил тоа и го дал телефонот на сопругата и настанал хаос, вели изворот.

Лукас се јавил и го пцуел Јариќ, а тој му спуштил, што дополнително го изнервирало. Го напуштил бесен домот.

Инаку, вчера Лукас објави фотка од Турција со која сакаше да покаже дека е се во ред и дека ужива со саканата, но медиумите во Србија убедени за неверството пренесуваат сведоштва.

Популарно