Радишанец приведен за нелегално производство на масло од канабис

20161024150640

Полицијата приведе 35 годишен Радишанец за нелегално произведување на масло од канабис, на кој му е одредена мерка притвор.

Осочничениот М.К. во текот на овој месец од засега непознати лица, набавил поголема количина марихуана од која дел ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје, а дел во својот дом во населбата Радишани, во импровизирана лабораторија ја преработувал во масло. По добиени оперативни сознанија дека М.К. препакуваната дрога и маслото почнал да ги продава на уживатели од Скопје, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога презеле мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување материјални докази.

На 13 месецов полициски службеници на Единицата го забележале како се движи со возило во централното градско подрачје. Кога се паркирал го легитимирале и извршиле личен преглед и преглед на возилото кое го управувал, а во кое биле неговата сопруга и нејзината сестра. Од извршениот личен преглед, кај пријавениот биле пронајдени еден џоинт, кој во моментот го користел, а во фиоката кај совозачкото седиште седум полиетиленски пакувања марихуана со вкупна нето маса од 16,39 грама, еден шприц со масло од хашиш, како и две метални дробилки со остатоци од марихуана.

Пријавениот и неговите сопатници биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот и другите простории каде престојувал во населбата Радишани. Пронајдени и одземени се 3,5 килограми марихуана спакувана во шест најлонски кеси, 28,30 грама мешавина од марихуана и тутун, 9,8 милилитри масло од хашиш, 170,66 грама семки од марихуана, како и остатоци од масло од хашиш во предметите кои ги користел за произведување на маслото во импровизираната лабораторија.

М.К. негирал дека пронајдената марихуана и масло од хашиш ги продавал и рекол дека ги користел за лекување на неговата мајка.

Наредниот ден, на 14-ти месецов, по усна наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Струга, е изврен претрес во дом и други простории во Струга, каде живее семејството на пријавениот, при што во поткровјето од куќата биле пронајдени и одземени поголема количина на исушена марихуана и семки од марихуана, спакувани во тегли, пластични кутии и најлонски кеси, како и 47.000 денари во апоени од 500 и 1.000 денари, 580 евра, 150 американски долари и 70 британски фунти, соопшти МВР.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно