Ристе Ристески празнично ја отвори душата: 2016-та му го отворила патот за неговата музичка кариера

Моментално најбараниот македонски изведувач кој јавноста ја освои со моќни настапи и доби лавина позитивни коментари од строгото стручно жири во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ празнично ја отвори душата и на својот Фејсбук профил откри што претставува за него 2016-та година.

– Оваа година за мене беше една посебна година и искуство, патоказ во животот, надеж и водилник во мојата работа – кариера, меѓу другото пишува Ристе.

Очигледно Ристески не може да го скрие задоволството од 2016-тата година во која ја продолжи својата музичка кариера во регионот, а ја најави и својата прва студиска песна која треба да биде апсолутен хит.

Неговиот профил на Инстаграм веќе брои повеќе од 10.500 фанови, додека на официјалната Фејсбук страница има околу 22.000 фанови. Во продолжение погледнете го интегрално статусот.

(ВИДЕО) НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД БРЕМЕНОСТ: Рамна како даска Севе растура во Чикаго

Публиката не можеше да не забележи дека нејзиниот стомак е рамен како даска, без задолжителното стомаче.

Хрватската пејачка Северина дефинитивно не е во блажена состојба.Иако се шпекулираше дека со сопругот Игор чекаат дете тоа сепак не е точно. На концертот во Чикаго таа скокаше на сцената со високи штикли.

Публиката не можеше да не забележи дека нејзиниот стомак е рамен како даска, без задолжителното стомаче.

Погледнете како Севе растура на настапот.

(ВИДЕО) КO ДА НЕМА УТРЕ: Македонска пејачка го расфрла бакшишот низ Милано

Изгледа дека македонската фолкерка Џесика Палашоска, како што се вели народно добро се „опарила“ на турнејата низ Австралија. Деновиве е „фрлена“ на шопинг. И тоа не каде било, туку во модниот центар Милано. И тоа не купува што било, туку единствено брендирани парчиња.

Изгледа дека бакшишот и хонорарот биле баш големи, штом атрактивната блондинка се „расфрла“ со евра низ Милано „ко да нема утре“. Со дел од купените парчиња се пофали на социјалната мрежа Инстаграм низ видео.

А неодамна таков потег имаше и нејзината колешка од поп водите, Аделина Тахири. Нека каже некој после дека на домашната естрада нема пари од музика.

(ФОТО) СЕЛФИ КОЕ Е ДАЛЕКУ ОД ПРИСТОЈНО: Косовката Рита Ора ги „запали“ обожавателите

Рита Ора, пејачката со светска кариера која по потекло е од Косово, на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои е во провокативно издание, а иако овој пат немаше намера да го „заниша бродот“, сепак повторно ги разбранува страстите кај своите обожаватели.

 

Moments by my closest and dearest @damon_baker #AfterParty

A post shared by Rita Ora (@ritaora) on

Имено, таа на Инстаграм објави фотографија на која е пристојно облечена, но со десната рака ги држи градите, при што маицата е толку спуштена надолу што ја открива нејзината брадавица. 

 

Me by Me

A post shared by Rita Ora (@ritaora) on

Неодамна беше објавено дека поранешната спајс девојка Мел Би и нејзиниот поранешен сопруг Стивен Белафонте ја поканиле Рита Ора да појде во нивниот дом и да им се приклучи на секс во тројка.

„Рита им се заблагодари и ја напушти вечерата“, изјави пријател на пејачката.

 

I was LIVING 😂😂😂😂💃💃💃💃

A post shared by Rita Ora (@ritaora) on

Популарно