Иако уште не помина ни месец откако се случи големото финале на Ѕвездите на Гранд, некои тајни излегоа на виделина. Ана Бекута, членот на жирито не беше на финалето, а потоа се огласи за ситуацијата.
- Се беше регуларно и како што треба. Вистина е дека прогласувањето на победникот го гледав во хотелската соба бидејќи не ми беше добро од топлината, вели Ана.
Таа вели дека ова е најдоброто финале до сега и дека има навистина квалитетни пејачи.
Со тоа, шпекулациите дека и со неа имало кавги како со Зорица која го напушти шоуто, паѓаат во вода.