Смртта на 8 годишниот Мартин при бомбашкиот напад на Бостон го потресе светот

Осумгодишниот Мартин Ричардс го чекал својот татко на целта на Бостонскиот маратон, но загина пред да го прегрне татка си 

Мартин Ричардс, осумгодишно момче е една од трите жртви на маратонот во Бостон кој беше прекинат со експлозии на две бомби. Во нападот беа повредени 144 лица, од кои 17 се во критична состојба.

Момчето го чекало својот татко пред целта на бостонскикот маратон, кога бомбите, скриени во џбуновите, експлодирале. Момчето било со семејството и чекало да го прегрне својот татко по завршувањето на трката. Но загина во експлозијата, додека неговата мајка е на операција. Сестрата на Мартин остана без нога, а состојбата на таткото за сега е непозната.

Во најголемиот терористички акт извршен по нападот на Светксиот трговски центар, се повредени 144 лица, додека 17 од нив се борат за живот. Фокс њуз објави дека има најмалку 30 повредени на кои ќе им биде извршена ампутација на некој од екстремитетите.

Меѓу повредените има и најмалку осум деца, вклучувајќи го и двегодишното момче кое има повреди на главата. 11-годишно момче е погодено од шрапнел во ногата, додека ја чекал мајка си на целта.

Очевидците опшуваат дека двете бомби го претвориле 26-от бостонски маратон во воена зона, со ужасни описи на патики кои во себе имале делови од нозе.

Лекарите од влиската болница која ги згрижувала жртвите изјавија дека се наликувало на повредени во војна. Некои од спортистите останале без нозе, иако трчањето им било нешто на што го посветиле сиот свој живот.

Атлетичарите продолжиле да трчаат кон целта каде што експлодирала бомба.

„Некои атлетичари останаа без нозе. Имаше крв насекаде. Можеа да се видат коски и делови од тела кои летаа околу нас. Беше страотно“, вели еден од сведоците кој трчал на маратонот.

Полицијата за сега нема каква било информација за тоа кој стои зад нападот, ниту дали напаѓачите се домашни или странски државјани. ФБИ го окарактеризира нападот како терористички, а специјалистите за бомби го претражувале станот што се наоѓал во непосредна близина на линијата на финишот на трката.

Испитувањата покажале дека бомбите биле мали, правени рачно, додека тестовите откриле оти не содржеле Ц4, ниту некој сличен експлозив со голема разорна сила.

Последната информација што ја објавија американските телевизии беше дека една од бомбите била ставена во експрес-лонец, кој пак бил ставен во ранец кога експлодирала.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Овој хороскопски знак ќе добие неочекуван повик

Овен

До крајот на денот поволни вести од странство во врска со патувањето. Партнерството е многу нестабилно, бидејќи не се трудите доволно на вашата врска. Здравјето е одлично.

Бик

Подгответе се за разговор со личност Овен која е многу важна за вашиот бизнис. Што се однесува до партнерскиот однос, внимавајте на зборовите што ги кажувате бидејќи вашиот партнер е многу чувствителен. Здравствената состојба е стабилна.

Близнаци

На вас останува да донесете важна одлука во врска со патувањето. До крајот на денот позитивни вести од личност која ви е многу важна во бизнисот. Што се однесува до здравјето, внимавајте на можните проблеми со нозете.

Рак

Денес ќе бидете под впечаток на минатото и спомени, што ќе ви предизвика чувство на носталгија. Во текот на денот внимавајте на вашето здравје бидејќи можни се проблеми со грлото и главоболката.

Лав

Денес слаба точка ви е кичмата, но и притисокот. Подгответе се да одморите малку повеќе и да работите помалку. Личност под знакот Јарец е одлична деловна поддршка за вас.

Девица

Ќе имате ненадеен повик од лице од странство поврзано со деловната страна. Партнерството е многу добро и ве прави среќни. Внимавајте на исхраната и одморете повеќе.

Вага

Денес е совршен ден да завршите се што имате за да можете да се одморите во мир во текот на следните денови. До крајот на денот можни се поволни вести од странство во врска со член на семејството.

Шкорпија

Во наредниот период ве очекува многу работа, а денес обидете се подобро да се организирате на тоа поле. Здравствената состојба е непроменета. Обидете се да бидете повеќе внимателни на вашите емоции.

Стрелец

Почнувајќи од утрото ќе имате многу обврски со членовите на семејството, особено со некој постар член од семејството. Бидете свои, особено кога станува збор за деловна ситуација. Проблем со притисокот.

Јарец

Најважниот дел е работата и во текот на денот ќе се трудите да бидете најефикасни. Ве очекува многу поволен глас во однос на заработката и можноста за напредување на работа. Ќе имате важен состанок со личност под знакот Вага.

Водолија

Ова е идеален период да се посветите, особено кога се во прашање љубовните и емотивните врски. Односот со членовите на семејството е постабилен, но сепак сте притиснати од нивните проблеми. Здравствената состојба е многу добра.

Риби

Во текот на денешниот ден ќе бидете многу отворени за другите, особено кога станува збор за односот со пријателите и партнерот. Деловната ситуација ве загрижува, но ќе биде стабилна во наредниот период.

Популарно