СТРАШНА СУДБИНА: Нема да верувате каков ХОРОР наскоро ќе и се случи на Хазал во „Парампарче“!

dgd

Верните гледачи на популарната турска серија „Парампарче“ наскоро може да очекуваат вистински пресврт, барем кога станува збор за животот на Хазал.

Имено, во една од наредните епизоди ќе се случи нешто сосема неочекувано, а вистинската ќерка на Џихан и Дилара едвај ќе преживее.

Во една прилика таа ќе се скара со мајка си Дилара и ќе замине кај Ѓулсерен. Возејќи се во такси Хазал и Ѓулсерен ќе доживеат страшна сообраќајка од која Хазал ќе го извлече подебелиот крај.

gd

По несреќата нејзиниот живот тотално ќе изгуби смисла, но што навистина ќе и се случи во следните епизоди, останува да погледнеме за да биде поинтересно…

dfgfd

cz

ВИДЕО: Објавена првата најава филмот што се снимаше во Македонија - „Мерсал“

Акциониот трилер „Мерсал“, во режија на младиот, но веќе етаблиран индиски режисер Арун Кумар – Атле, се снимаше во Скопје, во Македонскиот народен театар од 1 до 9 мај, со тоа што последниот ден завршните кадри од филмот беа снимени на плоштадот во Скопје.

„Мерсал“ го означува влезот во Македонија на една од најголемите продукции во Индија, но и во светот, Боливуд, кој се смета за пандан на Холивуд, иако е далеку поголем со продукција од 2.000 филма годишно.

Влегувањето на Боливуд е плод на долгогодишната работа на македонскиот продуцент Дејан Илиев, кој заедно со локацискиот менаџер од Индија, Натарајан Рамџи, ја основаа продуцентската куќа „МИНД продукција“ и го обезбеди снимањето на овој огромен проект во нашата земја.

„Мерсал“ се снимаше во Индија и во Македонија, а продолжува во Полска, во Краков и во Гдањск.

„Факт е дека во Македонија влегоа големи финансиски средства. Филмската екипа од Македонија, која ја сочинуваа 50-ина луѓе, беше вклучена во речиси сите сегменти, во продукцискиот дел, потоа сценографија, на која работеше Влатко Зафирковски, костимографија, за која беше ангажиран Раде Василев, шминка, светло, сцена, пиротехника, транспорт. На филмот беа ангажирани 750 статисти кои играа полицајци, новинари, фоторепортери, како и публика, бидејќи сцената што се снимаше кај нас ја претставува сцената што во филмот се случува во еден париски театар. Потоа, во филмот учествуваа актери, балерини, танчари, кореограф. Сè на сè, над 1.000 луѓе од нашата земја беа вклучени во овој проект“, велат од продукцијата.

Се очекува снимањето на филмот да заврши до крајот на годинава.

(ВИДЕО) Голема турска свадба: Се омажи Ѓул од „Убавата селанка“ – во свадбеното видео ќе гледате со занес!

Убавата турска актерка Гизем Карча или попозната како Ѓул од серијата „Убавата селанка“, изминатиот викенд му кажа „Да“ на своето долгогодишно момче.

Гизем е од оние познати што не сокриваат речиси ништо од приватноста, па така и од својот голем ден ги откри сите детали на Инстаграм, од моминската, па се до чинот на разменувањето на прстените.

Ова е прв брак за 32 годишната актерка која се прослави преку серијата каде глумеше градска девојка која се адаптира во животот на село кај својата баба Султана.

ФОТО: Вака изгледаат родителите на Омер

Актерот Бариш Адруч или Омер не ги  експонира во јавност своите родители иако обожавателите сакаат да видат од кого турскиот заводник ја наследил убавината. Познато е дека Бариш уште на своја осум годишна возраст со целото семејство од Швајцарија се сели во Турција каде живеат и денес. Од турските медиуми досега ги запознавме неговите двајца браќа, а овој пат имате можност да ги погледнете и неговите мајка и татко на заедничка фотографија со најстариот син, односно братот на Бариш. Додека на другата Омер е во друштво на мајка си – фотографија од свадбата на неговиот брат.

Од приложеното може да се забележи дек Омер дефинитивно личи на тато.

Популарно