Денеска е среда, 28 септември 2016 година, 272-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 94 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 21 минута.
Денов трае 11 часа и 54 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 44 минути, а ќе зајде во 17 часот и 13 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 20 до 27 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Следува период на претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст.