Свирепо убиство на млада Србинка: роднините не можеле да се помират со нејзиниот западен начин на живот

Дваесет и девет годишната Хилда.Л. од Санџак е пронајдена мртва во својот стан во Франкфурт, во населбата Нид. Хилда била фризерка, а нејзиното исчезнување го пријавиле нејзините пријатели, откако неколку денови по ред не се појавила на работа. Полицијата и пожарникарите провалиле во станот во кој Хилда живеела по разводот со нејзиниот сопруг, каде таа лежела мртва со неколку рани нанесени на главата.

nemacka-policija500

По обдукцијата е утврдено дека несреќната девојка починала по ударите со тап предмет по главата. Хилда зад себе оставила три годишна ќерка, но како што пренесува српски Курир, полицијата не навела каде било девојчето за време на убиството. Како што пренесуваат германските медиуми Хилда уште во април годинава поднела пријава против нејзината фамилија, бидејќи се чувствувала загрозено од нив. Како што пренесува српски Курир, традиционалните родители на Хилда не можеле да се помират со нејзиниот „западен начин на живот“, по што неколкупати и се заканувале. Веднаш по разводот Хилда започнала врска со италијански граѓанин, што воопшто не им се допаднало на нејзините родители. Истрагата е во тек, а осомничени се и нејзините родители.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно