ТОП 5 најголемите извозници на оружје во светот

Во последните пет години извозот на конвенционално оружје е зголемен за 8,4 отсто, соопшти во вторникот Стокхолмскиот институт за истражување на проблемите на мирот (СИПРИ). Лавовскиот дел од овој пазар, како и досега, го држат САД и Русија.

Фактички повеќе од половина од продаденото оружје во светот доаѓа од Вашингтон и Москва. Паричникот со нарачки на двете земји е речиси приближно e ист: 33 и 23 проценти.

Во тројката на лидери влегува и Кина, којa од 2012 година успеа да го зголеми својот удел во светскиот извоз на оружје од 3,8 на 6,2 отсто.

Водечката петорка се оформува со Франција (6 отсто) и Германија (5,6 проценти).

Согласно објавените документи на сајтот на СИПРИ, САД испорачува свое оружје во над 100 земји во светот. Русија – само во 50.

Главните клиенти на американско оружје се наоѓаат на Блискиот Исток. Тоа се Саудиска Арабија, Израел, ОАЕ и Турција.

Извозот на САД во регионот се состои во следново:

-ударни хеликоптери AH-64E Apache, H-60M Blackhawk, а исто така десантни-транспортни хеликоптери CH-47F Chinook;

- ловци F-35, F-18 F-15S, а исто така F-16 во различни модификации; тенкови M1A1;

- проектили TOW 2A и др.

Додека главните клиенти на Русија се наоѓа во азиско-пацифичкиот регион. Речиси 70 отсто од извозот на оружје оди во Индија, Кина, Виетнам и Алжир.

Русија главно го извезува следново оружје:

- повеќенаменски борбени авиони Су-30, Миг-29 и Су-35;

- школски-борбени авиони Цц-130;

- борбени хеликоптери Ка-52 и Ми-28, а исто така транспортни Ми-17;

- тенкови Т-90 во различни модификации;

- водзушни, артилериски и подводни противбродски комплекси;

- подморници од проектот 636; муниција и лесно вооружување.

Специфичноста на кинескиот извоз се состои во неговата “регионалност”. Лавовски дел во снабдувањето паѓа на Пакистан, Бангладеш и Мјанмар. Покрај тоа, има склучени големи договори за испорака на кинеска техника во земјите од Северна Африка, особено во Алжир.

Најмногу се извезува:

- корвети LPC-1, фрегата C-28A;

- тенкови MBT-2000; ловци JF-17 Thunder / FC-1;

- ракетни и артилериски системи.

Аналитичарите на СИПРИ се на мислење дека уделот на Франција на светскиот пазар може да се зголеми благодарение на договорите склучени во последните пет години. Главните клиенти на Париз се Египет, ОАЕ и Индија:

- ловци “Мираж” и “Рафал” со придружно вооружување;

- носачот на хеликоптери од типот “Мистрал”;

- сателит Helios-2.

Во 2016 година, специјалистите од агенцијата забележа пораст и на германскиот извоз на оружје. Но, независно од тоа, во споредба со периодот од 2007 до 2011 година, последните години вкупниот удел на Берлин во пазарот на оружје, фактички е намален за една третина.

Најголемите клиенти на Германија се Алжир, Јужна Кореја и Катар.

Германија го продава главно следново оружје:

- оклопни возила Tpz-1 Fuchs;

- тенкови Leopard-2A6;

- дизел мотори;

- самоодни артилериски лансери.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно