Три девојки уценувале бизнисмен – му зеле 30.000 евра за секс снимка

Теодора Ќамил (23), Ивана Кецман (28) и Јелена Романиќ (23) се уапсени откако еден белграѓанин го уценувале со снимка од сексуални односи со Теодора.

Тој до сега им исплатил 30.000 евра, а овие девојки со сомнителен морал „паднаа“ откако во еден ресторан во Белград дојдоа да земат уште по 5.000 евра.

Белградскиот бизнисмен прво се исплашил, а потоа им го плаќал тоа што го барале. До сега вкупно им исплатил 30.000 евра, а кога претерале ги пријавил во полиција.

Што ќе се случи ако место еден, ставите два кондома?

Освен заштита од несакана бременост, кондомот има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“. 

1. Ставањето на лубрикант врз кондомот ќе го спречи неговото пукање

Вистина: Лубрикантите врз база на масло и силикон всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести

Вистина: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по сексуален пат. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми

Вистина: Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

4. Добро е да се чуваат кондомите во паричник

Вистина: Чувањето на едно пакетче кондоми во паричникот подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.

5. Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата

Вистина: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста од пукање на презервативот.

Колку треба да трае сексот за жената да го доживее врвот?

Иако должината на сексот треба да биде индивидуална, компанијата Lovely реши да дознае колку минути трае водењето љубов кај повеќето двојки.

Според необичното истражување, на просечна двојка сексот им трае 12 минути, а интересен е податокот и дека најзадоволни се оние кои своите сексуални игри ги водат 19 минути.

За разлика од нив, кај двојките чиј секс трае околу 7 минути, се јавува потреба нешто да менуваат во својот однос.

Покрај ова истражување, треба да се земе обзир и претходното, кое покажа дека на жените им треба повеќе време да постигнат оргазам, па обавезно треба да се воведе предигра. Според тоа, 12 минути можеби често им е прекратко.

Дозволил девојка му да спие со другимажи, но сега....

„До неодамна имав  убава и цврста врска од три години. Реков „до неодамна“ затоа што мојата девојка се заинтересира за полигамија - а мене тоа не ми се допаѓа“, - вака го започнува своето писмо еден збунет, но искрен маж.

Свесен во што се впуштил, сега сака да се извлече од се, но не знае како. Затоа решил да побара стручна помош.

„После секс со некој друг, мојата девојка станува многу љубезна со мене, но често и возбудена. Се гледа дека убаво се чувствува. Но, понекогаш ни е многу тешко да оствариме однос - поточно мене. Би сакал повторно да „договориме“ моногамија, но не знам како да почнам“, - прашува овој човек, кој сака да биде се како претходно.

„Се сомневам дека повторно договарање на моногамија е полесниот начин да се извлечепш од ова. Но, многу е важно да го кажеш своето мислење. Ако си сфатил дека полигамијата не е за тебе, тогаш и таа мора да го знае тоа.Со самото тоа што си прифатил еден таков договор значи дека си љубопитен и ги слушаш желбите на својот партнер. Затоа сега би било паметно да и кажеш за што се работи. И понатаму сум возбуден и љубопитен за таа идеја, но моментално не сум спремен да учествувам. Иако сакам и понатаму да истражувам, моментално сум за некоја едноставна варијанта, помалку ексклузивна. Дали можеш, те молам, да се обидеш да ме сфатиш“, - со овие зборови би требало да и се обратиш.

„Исто така, би било добро да ја разбереш нејзината желба за полигамија и што точно значи тоа за неа. Дознај дали тоа може да биде причина поради која би те оставила. И, никогаш не заборавај дека имаш опција да ја оставиш.“ - добил одговор.

Дали вие се согласувате? Дали некогаш би прифатиле полигамна врска?

Популарно