Уапсен напаѓачот на малолетничката кај Мавровка

Шеснаесет годишната Р.А. вчера попладнето била нападната со нож пред трговскиот центар Мавровка.

tocka-142446

Од полицијата информираат дека девојчето и 14 годишно момче започнале најпрво вербална расправија, по што истиот со остар предмет, најверојатно нож, и нанел две убодни рани во пределот на левата надколеница. По нападот момчето избегало, но набрзо е пронајдено и приведено. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градската општа болница.

Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце

Вчера околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг на царинска испостава Табановце, покрај товарното возило кое го управувал, бил пронајден починат И.К.(66) од Украина, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. 

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал

Патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, синоќа, излетало од коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, по што на самото место починал возачот, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница.

-На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, наведуваат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае

Три лица се повредени во сообраќајката, што утрово се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во скопската населба Влае.  

Како што информира МВР, сообраќајна несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ управувано од 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., кои биле констатирани во Клиничкиот центар „Мајка „Тереза“.

Возачот на „аудито“ Б.А., според МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник И.А.(32) од скопското село Љубин. Тој, како што информираат од полицијата, бил пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Популарно