Шефот праќа фотографии од метата, а нашата цел е да се приближиме и да пукаме додека не сигурни дека е мртва, велат Ејш и Шила.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, наречен и "Punisher", им објавил војна на нарко-дилерите, а за да ликвидира повеќе од нив, ангажирал одреди на смртта.
Брачниот пар Ејш и Шила се дел од одредот кој остава траг на улиците во вид на изрешетени лешови, на кои пишуваат "Дилер".
"Нашата група е најефикасна, а првото правило е никогаш да не поставуваме прашања", велат Ејш и Шила под маски за австралиски SBS Dateline.
На нив, додаваат, не им е важно дали е некој виновен.
"Нашиот шеф е познат полицаец, кога ни праќа фотографии од метата, ние само смислуваме како да се доближиме и пукаме додека не сме сигурни дека е метата мртва", вели Ејш.
Работата ја прифатиле, додаваат, бидејќи заработката од 100 долари по леш е добра во земја со просечна плата од 380 долари.
"Поинаку не бил можел да го прехранам семејството. Доколку се откажам, шефот би можел да ме убие", вели тој.
Неговата сопруга во бизарната работа се вклучила подоцна.
"Групата има мали проблеми да се доближи до метата. Сфативме дека на мене како на жена ќе ми биде полесно, па го направив тоа и ја убив", вели Шила.
Заедно, додаваат, убиле голем број на луѓе.
"Кога доаѓам дома и ги гледам децата, чувствувам грижа на совест. Но, си велам самата на себе дека не сум направила ништо лошо, лош човек е мртов. Ова е само работа", вели Шила.