ВИДЕО: Бегалците ги искористуваат туѓите деца

Бегалците ги искористуваат децата на другите луѓе за полесно да ја минат границата.

Имавме случаи каде што луѓето се преправаат дека се чичковци на тие деца. Тоа го спречувавме, а децата се згрижени од страна на центрите за социјална работа, изјави Остојиќ, во интервју за Дојче веле.

Министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ, во интервју за Дојче Веле ја потврди приказната дека помеѓу бегалците имало и такви кои експлоатираат деца за да дојдат до подобар живот.

izbjeglice-iskoristavaju-tuu-djecu-da-lakse-prou-granicu-504x335-20151041-20151017144212-d64629247c1b20df5533a940ec506279

Тој коментирал во врска со случајот за изгубеното девојче која со денови била во паркот во Велика Горица.

- Згрижена е. Најдена е во Велика Горица. Претпоставуваме дека дошла со првиот бран. Социјалните работници се обидоа да разговараат со неа и не добиле никаква информација. Сега веројатно преку разговор ќе успееме да дознаеме нешто што ќе ни открие чие е ова дете - рече министерот.

Хрватска за бегалците троши два милиони куни на ден. Тој исто така додал дека Хрватска се уште не ја добила финансиската помош од Брисел.

- До денес, низ Хрватска поминале повеќе од 320.000 луѓе. Целосната грижа за бегалците Хрватска ја чини најмалку 2 милиони куни на ден. Веќе 50 дена се ослонуваме на нашите сопствени шатори, опрема, луѓе. До овој момент не сме добиле ниту еден цент европска помош. Нашите стоковни резерви, волонтери, Црвен крст, сето тоа е на сметка на даночните обврзници. Добивме ветување и чекаме да се потврди. Меѓутоа за сите бевме подготвени, имавме шатори, кревети, и се што требаше - рече тој.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно