Меланиа Трамп, сопругата на избраниот претседател на САД Доналд Трамп, воедно и новата прва дама, во текот на предизборната кампања на својот маж, често и секогаш со гордост говореше за своето потекло од Словенија каде и израснала.
Душата, по прашањето на родната Словенија, особено ја отвори на еден од предизборните собири кој беше одржан во Филаделфија.
Изјави дека за неа Америка е „симбол и поим за слобода и можности".
Својата одлука да се пресели во САД и да добие државјанство го доживува како најголема привилегија на светот.
Освен тоа Меланиа тогаш изјави дека ако стане прва дама, ќе се фокусира на борбата против заканите на интернет, и дека тоа е само дел од нејзиното залагање за жените и децата.
Во еден момент поздрави и подигна три прста.
Снимката од обраќањето на Мелани во Филаделфија погледнете го овде: