(ВИДЕО) Не е за мажи со слабо срце: Како танцува Џенифер Лопез кога мисли дека никој не ја гледа

Иако пред неколку месеци наполнил 47 години, пејачката Џенифер Лопез се уште е една од најсексапилните жени на светот.

golakhgfchgdfj

Нејзините сценски настапи се совршени, а со сексапилниот танцот на бина секој пат одново го освојува светот, особено посилниот пол. Но, како сето тоа изглед кога Џенифер не знае дека ја снимаат?

Вчера вечер пејачката се појавила на една приватна забава, а нејзината пријателка Лорен ја снимала од зад грб додека таа танцувала. Во длабоко, тесно здолниште кое ја нагласило нејзината раскошна задница на која е горда, Џенифер му се препуштила на ритамот и заводливиот танц.

Пријателката ја објавила снимката на својот Инстаграм, а помалку од десет часа го прегледале дури четири милиони луѓе. Изненадена и воодушевена, Џенифер исто така го споделила видеото, по што добила бројни комплименти и лајкови од обожавателите.

When u dont know your friend is filming you... but happy you were smiling!! Love you @lorenridinger

A video posted by Jennifer Lopez (@jlo) on

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Популарно