(ВИДЕО) НЕ СНИМАЈ П**КА ТИ МАТЕРИНА: Жена нападна активист кој снимаше сиромаштија пред народна кујна

Активистот се обидуваше да ѝ објасни дека тоа што го прави не е за да ја прикажува јавно, туку за да укаже на проблемите со кои се соочуваат голем дел од сиромашните граѓани. Сепак, објаснувањата не вродија со плод, жената продолжи да го удира.

video_-_01

Иван Пернар, хрватски активист, пратеник и лидер на движењето Жив ѕид, доби ќотек од разлутена жена додека снимаше колона луѓе кои чекаа во ред за да влезат во загребската Народна кујна, каде за сиромашните се доделува евтина готвена храна.

Пернар ја правеше снимката за да укаже дека и во Хрватска се гладува, како и дека храната во народните кујни е повеќекратно поскапа од храната што ја плаќаат пратениците во кантината на хрватското собрание.

video_-_02

Сепак, една жена, која се појави како од никаде, му влепи шлаканица на младиот активист и почна бесно да се пресметува со него. Пернар се обидуваше да ѝ објасни дека тоа што го прави не е за да ја прикажува јавно, туку за да укаже на проблемите со кои се соочуваат голем дел од сиромашните граѓани на Хрватска.

Неговите објаснувања не вродија со плод. Жената продолжи да го удира, по што активистот ја прекина снимката. Никој од присутните не се обиде да му помогне, но и никој не ѝ се придружи на жената.

Пернар укажува дека социјалната помош од 800 куни (105 евра) е далеку од доволна за преживување во Хрватска.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно