ВИДЕО: Огромен билдер полуде и го нокаутираше судијата

Како може вчера да победам, а денеска НЕ, како? Тоа беше аргументот на побеснетиот грчки боди-билдер Јанис Магнос кој скоро сигурно ќе добие доживотна суспензија, откако бесен и незадоволен на судиската одлука на „Дијамантскиот Куп“ во Атина, го нокаутира судијата. Веројатно фрустриран од резултатие, тој не прифати никакво извинување и го патосира судијата.

untitled

Покрај спортската казна која го очекува, Магнос може и приватно да биде тужен од страна на судијата.

Огромно признание за Енис Барди!

Стрелецот на два гола за македонската репрезентација, Енис Барди, се најде во идеалниот тим на групната фаза на Европското првенство за фудбалери до 21 година. 

Ова е големот признание за Барди, кој привлече големо внимание и на меѓународната јавност и на многубројните скаути. Овој идеален тим е составен со просечните оценки на фудбалерите на сите натпревари од групната фаза.

Барди се најде во средниот ред заедно со Шпанците Асенсио и Саул.

Идеален тим на групната фаза на У21 Европското првенство:

Хојберг (Данска), Калдара (Италија), Скрињар (Словачка), Кансело (Португалија), Родригез (Португалија), Саул (Шпанија), Барди (Македонија),Асенсио (Шпанија), Брума (Португалија), Поденсе (Португалија), Захоре (Данска)

(ВИДЕО) Говедо главна “фудбалска ѕвезда“ во Бугарија . Коментаторот ќе ве насмее до солзи

Балканскиот фудбал често знае да не изненади со несекојдневни ситуации, но ова што се случи на пријателскиот натпревар меѓу Ботев Пловдив и кипарскиот АЕЛ Лимасоле навистина преседан.

Имено, во 29-та минута од натпреварот на теренот влезе бик, кој за момент го прекина натпреварот и предизвика еуфорија кај гледачите.

Нестор станува најскап Македонец

Македонија за ден-два, веројатно, ќе го добие својот најскап фудбалер и спортист воошто во својата историја. А тоа е Илија Несторовски, нашиот репрезнетативен шпиц и „бомбардер“ на тимот од Сицилија, за кого Фиорентина е подготвена да му плати на Палермо сума од цели 8.000.000 евра, пренесува Македонски спорт.

Пред Пандев, Панчев...

Ако се остварат овие најави, а се на добар пат да се остварат, тогаш Илија Несторовски ќе се најде на листата пред Горан Пандев и пред Дарко Панчев.

Да потсетиме дека кога премина Пандев од Интер во Наполи, наполитанците исплатија сума од цели 7 милиони евра за обесштетување. Додека Интер, за услугите на Панчев, ѝ плати на Ц. звезда 10 милиони марки или 5 милиони евра во далечната 1992 година.

Тоа се тие суми што ѝ се познати на јавноста. Да не зборуваме за останатите спортисти, пред сѐ за кошаркарите и за ракометарите, кои можат само да сонуваат да дојдат до овие суми, односно некои клубови да платат толкави пари за отшетата.

Популарно