Македонската репрезентација успеа во намерата групната фаза да ја заврши на третото место, и да ја избегне Франција во 1/8 финалето. За ова беше потребен бод против Исланд во последниот меч од групната фаза.
Кога во вториот дел од мечот скандинавците се одлепија на +5 таа цел изгледаше далечна, но селекторот Червар не мислеше така. Тој на тајмаоутот во вториот дел советуваше мирна игра без грешки.
Сепак, легендарен е тајмаутот на 2 секунди пред завршување на средбата, кога Миркуловски праша што играат. Погледнете: