ВИДЕО: Цеца и ќерка ѝ Анастасија заедно го пееја хитот „Наговори“

Секогаш кога Цеца и нејзината ќерка Анастасија пеат заедно, привлекуваат големо внимание, а така беше и овој пат на Копаоник каде што семејството е на одмор.

Анастасија, на која многумина ѝ предвидуваат блескава музичка кариера, со Цеца го отпеа хитот „Наговори“, а песната најмногу го погоди Вељко Ражнатовиќ кој со кренати раце пееше со мајка му и сестра му.

❤❤❤❤❤

A video posted by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovic_anastasija) on

Ана Михајловски распали по Милан Калиниќ - Тој е кретен, не сакам да го видам!

Ана Михајловски беше гостинка кај Огнен Амиџиќ каде што се потсети на  почетоците и емисиите кои ги водеше.

Меѓу нив е и една емисија која ја водеше заедно со водителот на Пинкови ѕвезди. Емисијата „Летечи старт“ во која случајни минувачи се бореа за патувње, се емитуваше 2002 година, а своите водителски кариери таму ги започнаа Милан Калениќ и Ана Михајловски.

Во емисијата гостинка биле и Мирјана Миќиќ која го праша Огнен зошто не го поканил и Милан, а тој одговори бидејќи не зборува со Ана.

Човекот е кретен, не сакам да го видам, изјави Ана а потоа се насмеа и додаде: Летечи старт ми остави прекрасни спомени, тој ми е еден од омилените проекти.

ФОТО: Девојчето што ја отпеа „Дувни ветре развигорче“ порасна во вистинска убавица

Елеонора Капсималева во детството ја отпеа „Дувна ветре развигорче" која стана хит, и која сеуште ја пеат многу генерации. Еве како изгледа убавата Елеонора денес.

Уште тогаш Елеонора Капсималева го покажа својот талент. Рускосо, слатко девојче ги освои срцата на милион граѓани. Иако поминаа, многу години оваа песна  и ден денес ја слушаат млади деца, а некои ја приготвуваат и за училишни приредби.

Елеонора израсна во прекрасна убавица, еве како изгледа денес.

ФОТО: Анастасија или мама Цеца - згодниот манекен ги „проба“ и двете

Светлана Цеца Ражнатовиќ објави спот за новата песна „Анџео другог реда“ , а на промоција  дури од Германија дојде и манекенот Флоријан.

По промоцијата, згодниот манекен и Анастасија заминаа на журка. Ќерката на Цеца го одведе Флоријан на еден сплав, каде се забавуваа до раните утрински часови.

Популарно