ВИДЕО: Жестока тепачка на кошаркарски терен

Главни протагонисти на оваа неверојатна случка се кошаркарките од универзитетската лига на САД.

Кејти Пауел и Антониа Робинсон, по еден дуел под кошот започнаа тепачка која не заврши се додека не ги разделија.

Епилогот од оваа неспортска случка заврши со по 4 исклучени кошаркарки од двата тима.

(ФОТО) Сѐ пука на неа: Пејачката се здебели 30 килограми, фустанот едвај ја собира!

Пејачката Мараја Кери веќе со години има проблем со вишокот на килограми, но ситуацијата сега ескалираше, а ѕвездата се здебели дури 30 килограми.

Фотографиите на кои Мараја и нејзиното момче Брајан во Лос Анџелес ги зачудија сите, а како не би, кога Мараја едвај одела од дебелина.

Мараја има повеќе од 100 килограми, а некои тврдат дека тежи 120 килограми. Лекарите ја предупредиле пејачката дека мора да ослабне, бидејќи дебелината го зголемува ризикот од болести на срцето.

Македонка која го преживеа ураганот Ирма на Карибите: Видов како рајот се претвори во пекол

Благица Стојчева, единствената Македонка која беше на Карибите, односно на островот Свети Мартин во моментот кога Ирма, еден од најкатастрофалните урагани во историјата со 280 километри на час остави пустош и апокалиптична глетка зад себе.

Благица, која од своите пријатели кога се врати во Скопје доби надимаk „hurricane girl“, е студентка по психологија на Славјанскиот универзитет во Свети Николе која во потрага на егзотичен одмор го посетила островот Свети Мартин, на Карибите и две години пред да биде опустошен од разорната Ирма. Сите тие силни и преубави доживувања и средби со луѓе за кои вели дека се исклучително питоми и гостопримливи засега ги има сочувано во својот дневник, но се надева дека некогаш ќе може и да ги публикува како патеписни репортажи. Таа на Свети Мартин стасала речиси една недела пред Ирма и за Плусинфо го пренесува доаѓањето на ураганот на прекрасниот остров.

- Никој не беше свесен дека ураганот ќе добие толкава моќ. Имаше секакви предвидувања, меѓутоа дента кога пристигна Ирма, локалното население го нарече чудовиште, а не ураган. Тогаш станавме свесни дека нема да биде лесно да го преживееме ова. Ураганот се приближи во утринските часови на 6 септември. Бев потпрена со грбот до ѕидот од тоалетот. И се сеќавам последната порака што ја напишав беше „драго ми е што барем имам интернет”. Во тој момент го снема, сосе струјата, водата… сосе покривот од катот над мене. Слушнав како се корне сè над мене. Заплакав. Се присетив на парот кој беше со бебе, погоре сместен. Помислив дека ги снема, ме здоболе. Ударите беа сè посилни како и притисокот од ветрот. Прозорците се тресеа, ѕидовите се тресеа. Во тоалетот почна да дува од дупки за кои не знаев ни дека ги има во ѕидот. Многу се исплашив… И одеднаш настана мир, тишина…Излегов на терасата и погледнав надвор. Ги погледнав соседите и тие излегуваа од тоалети. Во повеќето апартмани немаше повеќе прозорци, ни кревети…Човекот од соседниот апартман ми довикна нешто на француски: „Покривот ти се ниша над тебе, ќе падне. Бегај внатре едвај се држи“ - раскажува Благица за настаните што се случиле на критичниот 6 септември кога ураганот Ирма, како што соопштија француските власти на островот Свети Мартин урнал четири згради кои се сметале дека можат да издржат големи потреси, но не и силината на ураганот.   

Во францускиот дел на Свети Мартин живеат околу 40.000 луѓе, колку и на холандската страна од островот кој е целосно опустошен, а за што сведочи и скопјанката Благица:     

- Видов пекол. Палми откорнати, скршени на пола, превртени глисери, делови од покриви, столбови, мноогу стакло, куфери и облека расфрлани… Тоа беше окото на ураганот и траеше околу 30 минути. По некое време почна повторно. Стоев до прозорот и гледав како се појавува. Ветрот го креваше кршот и почна да мава со него, насекаде. Се исплашив. Вториот пат беше појак од првиот. Притисокот од ветрот стана сè посилен, прозорците почнаа страшно да се тресат. Побегнав во тоалетот и ја заклучив вратата. Слушнав како нешто се крши, имаше секакви звуци кои веќе не знаев од каде доаѓаат и од што. Вратата почна неконтролирано да се тресе, едвај ја додржав, цели два часа. Си помислив, тоа е тоа. Од сите места на овој свет дали навистина баш тука се најдов во овој момент, нема сигурно да умрам овде, далеку. Се помирив некако. Тогаш ураганот престана. Почнав да дишам нормално. Излегов и видов крш од стакло врз креветот кој беше изместен. Вода. Бев во шок. Излегов надвор и видов апокалиптична сцена, како од некој филм заедно со сите звуци. Гореа автомобили, немав време да размислувам. Излегов и заедно со останатите почнавме да гаснеме, како знаеме и умееме за да не се запалат и останатите автомобили кои беа на куп, испревртени и еден врз друг. Немавме време, сè се одвиваше брзо. Се сеќавам, имаше многу чад, одеднаш слушнав извици „Бегај! Бегај! Ќе експлодира“, слушнав силно „бууум“. Следно што памтам, бегавме надвор за да не се запали и зградата. Денот беше сè само не досаден. Успеаја некако да го исгаснат пожарот. Меѓутоа, попладнето пак се запали некако. И пак истата процедура. Сепак, дојдоа неколку војници и ни помогнаа целосно да го неутрализираме. Немаше мрежа, немаше струја. Немаше начин да комуницираме со никого, сè додека случајно не наидовме на еден базен во околината каде што имаше сигнал додека ископувавме од песокот вода и нешто храна која беше најдрагоцена во тој момент. Во тој миг кога искомуницирав со светот ми беше единственото нешто што ме одржа да не ми се скрши духот целосно. Не знаев дали ќе нè евакуираат. Снемуваше вода и храна. Избија нереди. Во хотелот кај што бевме сместени се грижевме еден за друг. Персоналот ја подели целата храна со нас, но нивните залихи беа мали. Да не беа тие луѓе од персоналот и ден денеска ќе бев сè уште таму борејќи се за вода и храна. Одговорот на армијата беше многу спор. Ја имав таа среќа што моите пријатели од Скопје направија сè што можат за мене и ја информираа амбасадата во Вашингтон да ми помогне. И тоа ми значеше најмногу на цел свет. Затоа што секој ден стануваше сè потешко да бидам на место во кое буквално треба да преживувам и да се борам за секоја капка вода и храна. И да се бранам од луѓе кои шетаа со мачети и го ограбуваа населенито. Немаше ред, немаше ни закон - го раскажува своето потресно доживување младата студентка од Скопје и во еден момент вели „еве го покривот од хотелот што ни се откорна“, и покажува помеѓу грамадата од сè и сешто, вкотвена во ситниот песок на кој само пред неполн ден уживале туристи од целиот свет.

Благица своите импресии, но и оваа потресна приказна со најситните детали, мошне пластично и автентично ги запиша во својот дневник. На една од страниците на Дневникот на Благица пишува:      

„Прв пат кога стапнав на островот, си реков, тоа е тоа, љубов на прв поглед. Нежен звук на лисја од палми кои се нишкаат нежно од благиот ветрец. Мириси од околината, пријатни топли погледи кои се претопуваат во едно чувство на мир, спокој и топлина во срцето. Островот Св. Мартин е еден од најубавите острови на светот, со кристално чисти плажи и преубави луѓе кои како да заборавиле на останатиот дел од светот и неговите проблеми. Преполн со можности и избори. Ми стана многу лесно да го наречам свој втор дом. Го пронајдов рајот на земјата!“.

Убавините на Свети Мартин пред катастрофата

Популарно