Нова мода: Младите сега кафето не го пијат, туку го пушат

Халуцинации, отежнато дишење и конвулзии се само некои од нуспојавите на најновиот хит на младите во САД, кои кафето наместо да го пијат, го виткаат и го пушат.

Screen+shot+2014-03-31+at+1.10.29+PM

Пушењето кафе меѓу тинејџерите добива размер на епидемија, пишуваат голем број американски портали. Упатствата за тоа како да се конзумира кафето ги пронаоѓаат на веб страниците посветени на таа тема.

Многумина се згрозени со оваа појава меѓу младите, затоа што конзумирањето кафе на ваков начин има сериозни нуспојави. Халуцинации, отежнато дишење и конвулзии само се некои од нив.

Но, на американските социјални мрежи голем дел од корисниците коментираат дека се е премногу „надуено“ и дека овој тренд меѓу младите се појавил уште пред три години, но засега не е забележан ниту еден сериозен случај на предозирање или труење.

Коментари

Популарно