Бора Чорб се раздведе од 28 години помладата сопруга Александра, со која во заедница живееа четири години. Бора и Александра се разделиле пред неколку месеци, но пејачот не зборуваше за тоа. Сакал да ја поштеди поранешната сопруга од вести по медиумите, но сега кога се е готово, решил да проговори.
- Се разведов пред неколку дена и сега тоа можам и јавно да го кажам, рекол Бора, но тогаш сите ги изненадил со изјавата дека сепак не е сам.
Познатиот рокер откри дека има нова девојка која живее во Словенија.
- Навистина никогаш порано не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија-Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно не се симнувам од телефон. Вљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет, искрено рече Бора.
Бора и Александра се запознале во 2007 година во Америка, каде таа живеела, а тој бил на турнеја. Веднаш му го освоила срцето, но нивната љубов беше турбулентна и со повеќе прекини.