ФОТО: Ова е жената поради која Бора Чорба се разведе

Бора Чорб се раздведе од 28 години помладата сопруга Александра, со која во заедница живееа четири години. Бора и Александра се разделиле пред неколку месеци, но пејачот не зборуваше за тоа. Сакал да ја поштеди поранешната сопруга од вести по медиумите, но сега кога се е готово, решил да проговори.

Bora-Corba-printskrin-rts

- Се разведов пред неколку дена и сега тоа можам и јавно да го кажам, рекол Бора, но тогаш сите ги изненадил со изјавата дека сепак не е сам.

Познатиот рокер откри дека има нова девојка која живее во Словенија.

- Навистина никогаш порано не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија-Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно не се симнувам од телефон. Вљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет, искрено рече Бора.

corba-aleksandra

Бора и Александра се запознале во 2007 година во Америка, каде таа живеела, а тој бил на турнеја. Веднаш му го освоила срцето, но нивната љубов беше турбулентна и со повеќе прекини.

ФОТО: Кафеава мечка се појави во с. Петралица, Ранковце

Здружението на ловци Славишко Поле известува дека во близина на селото се движи кафеава мечка, вид кој е строго заштитен со закон.

„Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра“, стои во соопштението на здружението.

Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот

Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија, е првиот пример на леукизам кој некогаш бил забележан кај овој вид и истата го воодушеви светот, објавија албанските медиуми.

Леукизам е ретка состојба која предизвикува делумно губење на пигментацијата на кожата и крзното кај животните,  но за разлика од албинизмот, не ги погодува и очите.

-Ајкулата „дух“ која беше откриена на албанскиот брег е позната како ајкула со груб агол (Oxynotus centrina). Овој редок примерок е пронајден во близина на островот Сазан, изолирана воена база, на длабочина од околу 200 метри. Ајкулата се разликувала поради ретка генетска состојба наречена леукизам, која го нарушува производството на меланин и предизвикува намалена пигментација, наведуваат медиуми.

Според „Livescience“, ова е првпат да се документира леукизам кај овој вид и кај целото семејство на ајкули, Oxynotidae.

Таквите аголни ајкули обично имаат темно сиво-кафеава или црна боја со темни дамки на нивните страни за да им помогнат да се вклопат во нивната околина.

Ајкулата-дух е со совршено здравје, што го потврдуваат и објавените фотографии. Некои истражувања сугерираат дека недостатокот на пигментација може да ги направи поединците повидливи и за предаторите и за пленот, потенцијално намалувајќи ги нивните шанси за преживување, изјавил фотографот Андреј Гајиќ од Sharklab ADRIA.

Тој смета дека ова откритие, заедно со други податоци од здрави ајкули со нарушувања на пигментот, имплицира дека овие абнормалности немаат значително негативно влијание врз способноста на длабоко морските ајкули да се хранат, избегнуваат предатори или да се размножуваат. 

Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето

Познато е дека за да се одржи и  подобри здравјето на срцето, постојат одредени намирници што треба да се избегнуваат во исхраната.

Така, д-р Лирој Лот од Њујорк сподели листа намирници коишто се лоши за кардиоваскуларниот систем. Лекарот наведува оти, во таа смисла, конзервираниот зеленчук и овошје се некаде на врвот на списоков, поради големата количина сол и шеќер. Тој истакнува дека далеку попрепорачливи се свежите овошја и зеленчук. Исто така, треба да избегнувате конзервирана храна воопшто, токму поради големата содржина на натриум (сол), којашто може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и мозочен удар.

На листата на американскиот доктор се најде и белиот ориз. Тоа е рафинирана житарка што брзо се претвора во шеќер во телото, што значи и повеќе маснотии. Во овој поглед, не треба често да се јаде ниту бел леб, бидејќи тој е исто така рафиниран јаглехидрат.

Сирупите за слатки и замрзнатите колачи се, исто така, на листата поради високата содржина на шеќер. Лекарот советува да избегнувате и преработено месо што, обично, е богато со сол и заситени масти. Во таа смисла, солта е штетна за срцето бидејќи го зголемува крвниот притисок.

Кога станува збор за напитоците, д-р Лот особено го нагласува пивото. Според објаснението, овој пијалак го оштетува срцето на неколку начини. Претерувањето, имено, може да го оштети самиот срцев мускул.

Патем, и Лот и здравствените власти воопшто ги советуваат граѓаните - и мажи и жени да го ограничат внесот на алкохол.

На овој список се и енергетските пијалаци. Нивната содржина на кофеин потенцијално ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Дури и кечапот и другите сосови може да претставуваат опасност поради високата содржина на шеќер и сол. 

Популарно