Се што секоја жена треба да знае за менструалниот циклус

Иако секоја жена поминува 20тина години со менструален циклус, постојат прашања на кои повеќето од нив немаат одговор.

menstruacija-1374338698-8222

Дали секој циклус трае 28 денови? Факти или митови? Прашања кои ги мачат младите девојки но и постарите жени. Во продолжение прочитајте неколку информации кои треба да ги знаете за менструалниот циклус.

МИТОВИ:

1. Менструалниот циклус на секоја жена трае 28 дена

2. Секоја жена мора да има месечно менструално крварење.

3. Секоја жена мора да овулира за време на циклусот

4. Ако жената крвари, таа не е бремена.

5. Додека има менструација, жената неможе да забремени

ОБЈАСНУВАЊЕ:

Менструалниот циклус е процес во кој се исфрлаат неоплодените (изумрените) јајце-клетки од претходниот циклус заедно со слузта, од матката.

Циклусот се пресметува по 28 дена, но сепак жената може да биде здрава и да има 3 или 4 циклуса годишно. Овие овулации може да бидат нормални, но може да се показател за некој здравствен проблем.

Овулацијата се јавува од 14 до 16 денови пред цилусот. Секој циклус е посебен и варира. Постојат жени кои овулираат два пати месечно.

Оплодувањето на јајце клетките се случува по овулацијата. Спермата внесена во женското тело може да живее 3 до 4 денови, а понекогаш и 6 до 7 денови. Ако парот имал односи пред и по овулацијата, жената може да остане бремена бидејќи спермата е жива во време на овулацијата.

Постојат случаи каде бремени жени крварат исто како што постојат случаи каде жени останале бремени во текот на менструалниот циклус.

Коментари

Популарно