Колку пари зарабитија најплатените спортисти во 2014 година

Американскиот магазин „ESPN“ ја објави годишната листа на зарабитка на спортистите, каде на врвот без големо изненадување се најде босерот Флојд Мејдевер.

floydmayweather2

„ESPN“ ја правеше листата исклучиво на заработката која ја остваруваат спортистите на игралиштата, а колку пари спортистите инкасираат од спонзори и комерцијални активности, тоа е за негоја друга листа.

Не чуди што на врвот на листата е Мејдевер, кој само од победата над Мани Пакјао заработи цели 250 милиони долари, кој е втор на листата со заработени над 150 милиони долари.

Далеку позади боксерските ѕвезди се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, Лионел Меси со заработени 56,3 милиони долари и Кристиано Роналдо со 50,2 милиони.

Потоа следува двоецот од Формула 1 – четирикратниот шампион Себастиан Фетел, кој од „Ферари“ годишно заработува 50 милиони долари и Фернандо Алонсо од „Мекларен“ со 40 милиони долари.

Листата од Топ 10 ја затвараат: Златан Ибрахимовиќ со 35 милиони, Луис Хамилтон со 31 милиони двете бејзбол ѕвезди Клејтон Каршав (31) и Џастин Верландер (28).

Коментари

Популарно