Мапа на Европа до 2035 година: Голема Албанија со дел од Македонија

Руски експерти направиле мапа за изгледот на Европа до 2035 година. Користејќи податоци од ЦИА и руската воено-раузнавачка служба ГРУ, заедно со нивните советници Збигњев Жежински, поранешен советник на некогашниот претседател Џими Картер и писателот Семујел Ханингтон, предвиделе големи промени на Балканот во наредните 20 години.

мапа

Според нив, Македонија ќе го изгуби својот западен дел, Србија ќе ја изгуби Војводина, а Босна ќе биде поделена меѓу Хрватска и Србија.

Предвидуваат и промени во другиот дел на Европа: Шкотска ќе се одвои од Велика Британија, Ирска ќе се обедини, Каталонците и Баските ќе се одвојат од Шпанија, а на југот на Франција ќе се формира исламска држава. Областа Лорен ќе се приклучи на Германија, Белгија ќе се распадне со тоа што Фламанците ќе се приклучат на Холандија, Италија ќе се распадне на два дела, со тоа што Сицилија и Сардинија ќе прогласат незвисност

Коментари

Популарно